Битиќи подготвен да ги сетира струјомерите за евтина тарифа ако ЕВН Хоум нема доволно капацитети


ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. -Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика […]

Битиќи не очекува генерален штрајк во УЈП: Сите вработени во јавниот сектор заслужуваат достоинствени плати


 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да стапи во генерален штрајк. Според него, не би требало основните процеси во државата да бидат доведени во прашање. Сите вработени во јавниот сектор и администрацијата заслужуваат достоинствени плати, но местото за изнаоѓање решение, нагласи, е на маса, преку дијалог. Владата, подвлече […]

Битиќи: Одлуката за дневната евтина тарифа е на регулаторот, Владата е тука за да ги исполни предусловите


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не прецизира кога ќе се врати дневната евтината тарифа на струјата за домаќинствата. Како што изјави денеска, одлуката за тоа треба да ја донесе регулаторот, а Владата е тука за да ги исполни сите неопходни предуслови. Според Битиќи, состојбата во енергетскиот сектор внимателно се следи и се прават анализи, […]

Битиќи: Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена, струјата не треба да поскапи


Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена, се бара системско решение за сите вработени во јавниот сектор, а цената на струјата не треба да се зголеми и Владата ќе стори се во таа насока. Ова се само некои од пораките што ги упати вечерва вицепремиерот Фатмир Битиќи. Во гостувањето на Македоската телевизија, Битиќи се осврна […]

Се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании на 30 дена


Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска го подготви Министерството за финансии, а го усвои Собранието во рамки на 117-тата седница. Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на […]

Битиќи: Инфлацијата од 19,8 минатата година ќе падне на 8 отсто за 2023 година


Инфлацијата е во надолна линија и ова го потврдуваат официјалните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека од 19,8% во октомври 2022 година, инфлацијата е падната на 11,3 % за претходниот месец, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју за порталот […]

Битиќи со германските компании: Поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со делегација на германски компании кои престојуваат во Северна Македонија, на која ги споделил деловните можности посебно во однос на поддршката за инвестиции. На средбата, како што соопштија од владината прес-служба, […]

Битиќи: Конкурентноста и иновативноста создаваат нови потенцијали за економски раст


Земјава е влезена во период на постпандемиско економско закрепнување, но ризиците и неизвесностите сè уште се тука, во однос на синџирите на дистрибуција, скоковите на цените, финансиските нарушувања, енергетската несигурност и геополитичките тензии. Ова, како што соопштија од владината прес-служба, го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи […]

Битиќи: Цената на струјата се регулира не само со стапката на ДДВ


Се прават последните анализи од Регулаторната комисија за енергетика за цената на струјата, која, како што изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, не се регулира не само со стапката на ДДВ, туку и со другите одлучувачки параметри во нејзиното финално креирање. На новинарско прашање за цената на струјата, Битиќи потсети дека законското решение […]

Вицепремиерот Битиќи покровител на МЕФ Енергетски форум 2023


Енергијата и економијата се длабоко поврзани. Едното не може да расте и да се развива без другото и затоа, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашите економии и врз благосостојбата на идните генерации, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, посакувајќи му успешна работа на […]

Битиќи во КИМ – Неготино: Финансиската поддршка им помага на компаниите да бидат поконкурентни


 Со финансиската помош на Владата го поттикнуваме растот на компаниите, ги правиме поконкурентни и поразвиени Вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја посетија прехранбената компанија „КИМ“ од Неготино која слави 25 години успешно работење. КИМ е компанија формирана од 100 отсто домашен капитал која во своите почетоци произведуваше доматен […]

Битиќи: Циркуларната економија носи развој за секоја економија и заштита на животната средина


    „Вложувањето кое го правиме во енергетска ефикасност со производство на енергија од обновливи ресурси и забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција“, рече заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на конференцијата „Недела на циркуларна […]

Битиќи: Решението е иста методологија за плати за сите во јавниот сектор


Платите во јавниот сектор се регулирани со преку 200 различни акти – закони или подзаконски акти и морам да признам дека некој сакал намерно да не води грижа. Решението е иста методологија за плати за сите во јавен сектор, посочи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.  -Зошто е тоа направено може самите да донесете […]

Битиќи и Лукаревска во посета на „Слога Пром“ – од семеен бизнис до компанија со над 90 вработени


  „Слога Пром“ од Кавадарци е уште еден пример за успешна компанија која што се развива веќе 33 години, период во кој од семеен бизнис израсна во значаен чинител во економијата на земјата, дисциплиниран даночен обврзник, но и силен поддржувач на локалната заедница. Ова беше заклучокот од вчерашната посета на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир […]

Битиќи во Кавадарци: Финансиската помош за компаниите е индиректна поддршка и за локалните производители


  Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска во Кавадарци изјави дека се радува на убави бизнис приказни кои претставуваат инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја. Тој заедно со Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, ја посетија компанијата „ЕКО – ГРУП“ во Кавадарци која се занимава со преработка и конзервирање на овошје […]

Битиќи на средба со МАСИТ: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија


Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија, било заклучено на денешниот работен состанок на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, станало збор за прашањето за недостиг […]

Битиќи: Нова инвестиција од 13,5 милиони евра во Пелагонискиот регион


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска во Битола ја посети компанијата „Бреинчајлд“ специјализирана за производство на спортска опрема наменета за сурфање на водени површини и за параглајдинг. Како што истакна вицепремиерот Битиќи, „Бреинчајлд“ е новоформирана, прогресивна и амбициозна компанија која својот развој го планира во Северна Македонија, […]

Битиќи: 600 ученици од ОУ „Лирија“ ќе следат физичко образование во модерна спортска сала


„Над 600 ученици од Основното Училиште „Лирија“ во Општина Чашка, од наредната учебна година, предметот Физичко образование ќе го реализираат во новата спортска сала која се гради, за која се одвоени над 317 илјади евра од ТАВ програмата”, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и […]

Битиќи: Го препознаваме селскиот, винскиот и алтернативниот туризам како извонредна можност


Го препознаваме селскиот, авантуристичкиот, винскиот и алтернативниот туризам како изворедна можност, бидејки имаме што да понудиме. Земјава нема море, но има прекрасни езера и планини, културно и историско наследство, како и традиција, кои се предуслови да се биде на мапата атрактивни туристички дестинации вредни да се посетат, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи […]