Возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат бесплатни


  Владата донесе одлука замената на возачките и сообраќајните дозволи, како и патните листови, за граѓаните во странство, да бидат бесплатни.  „Донесовме три одлуки. Од денеска го задолживме Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите правни акти за да постапи, а тоа е возачките и сообраќајните дозволи за сите граѓани на Република Северна Македонија, […]

(Во живо) Прес-конференција на вицепремиерот Битиќи и заменик-министерот Бојмацалиев


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и заменикот министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата. Проследете ја во живо:  

Стратешките инвестиции ќе обезбедат пониска цена на струјата од берзанската, велат од Владата


  Со стратешките инвестиции во областа на енергетиката државата ќе добие поевтино и стабилно снабдување со електрична и топлинска енергија, државното земјиште на кое што ќе бидат изградени не се отуѓува туку се дава под долгорочен закуп, и на крајот, по истекот на рокот од 30 години, Електростопанство на Македонија (ЕСМ) ќе има право да […]

Битиќи: Компанијата што ќе ги гради 10-те километри на патот Скопје – Блаце ќе биде избрана наскоро


Тендерската постапка за 10-те километри на патниот правец Скопје – Блаце е во тек и компанијата наскоро ќе биде избрана, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, и првите два километра од автопатот ќе бидат пуштени наредните недели. -Мислам дека на барање на тие што аплицираа беше одложен крајниот рок неколку пати […]

Битиќи: Моменталната субвенција во сметките за струја е 84 отсто


Цената на електричната енергија на регулираниот пазар во овој момент е субвенционирана со 84 отсто и субвенционирањето ќе продолжи до носењето на следната одука за цената при крај на јуни годинава, прецизира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Електричната енергија со последната одлука за цената со која ЕСМ ја даде кон ЕВН и количината […]

(Видео) Изјави Ковачевски и Битиќи


Проследете ги во живо изјавите на Фатмир Битиќи и Димитар Ковачевски по почетокот на изградбата на логистичкиот центар „Лидл“ во Кумановско.

Годинава, најголемата владина поддршка заминала кај фирми во регионите надвор од Скопскиот


Вкупно 919 компании во изминатите шест години инвестирале над 500 милиони евра, а за нив се исплатени 100 милиони евра државна финансиска поддршка. Ова е целокупното портфолио на Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ), соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Како што истакна Битиќи на прес-конференција во Владата, од 2020 година реализирана […]

(Во живо) Прес-конференција на премиерот Ковачевски и директорот на Развојната банка, Наумов


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, ќе се обратат на прес-конференција за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и министерот за економија, Крешник […]

Битиќи во „Русе Комерц“: Финансиската поддршка значи многу за компаниите


Финансиската поддршка на Владата значи многу за компаниите, го зголемува бројот на работни места и ја подобрува материјалната состојба на компаниите и со тоа и на самите вработени. Ова е пораката која му беше упатена на заменикот на претсетседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при неговата […]

Ако МЖСПП оцени дека не е возможно спроведување на Чебрен, нема да се спроведе, вели Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека одлуката за поволен понудувач за Чебрен е донесена од Владата врз основа на извештај од Комисија и ако има одредени жалби тие се доставуваат до таа Комисија и до Министерството за животна средина и просторно планирање како задолжено за Чебрен. На новинарско прашање дали ќе оди на […]

Битиќи: Откако ќе биде формирана заедничката компанија, ќе се потпише договорот за концесија за Чебрен


Се уште трае постапката за креирање заедничко друштво меѓу компанијата која го доби тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна Река и ЕСМ. Откако ќе биде формирана компанијата, од испланираните удели 67 наспроти 33 отсто, ќе почне постапката за доделување на правото на користење на вода, а потоа ќе се потпише договорот за концесија, […]

Битиќи: За намалување на платите на функционерите треба консензус, предлог-законот пред Влада до Нова година


Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Законското решение, најверојатно, ако не наредната недела, до крајот на годината, ќе го дадеме на […]

Инфлацијата идната година ќе биде од 2 до 2,5 отсто, исто толкав и растот на БДП, проценува Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека земјава во текот на наредната година ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што, како што вели, ќе биде година на закрепнување од сите економски неприлики што се случија или што се случуваат веќе четири години од 2020 година.  -Последниот податок […]

Во најновите антикризни мерки за бизнисот се наменети ад 492 милиони евра


Деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој Владата го усвои во вторникот, содржи 26 мерки со кои се обезбедува финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани и компании за полесно да ги надминат потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза, […]

(Во живо) Прес-конференција на вицепремиерот Битиќи и министерот за локална самоуправа Пенов


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за локална самоуправа, Пенов, денеска ќе одржат заедничка прес-конференција по повод новите договори по Законот за рамномерен регионален развој (РРР). На церемонијата на потпишување на договорите ќе бидат присутни заменик претседателот на Владата задолжен за економски […]

Ќе се намалуваат субвенциите за струја, ќе се прошируваат третиот и четвртиот тарифен блок


Препораката од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за намалување на субвенционирањето на цената на електричната енергија од страна на Владата веќе е адресирана во новиот буџет за 2024 година, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.  -Наназад различни финансиски институции препорачуваат дека не е издржлив моделот на високо субвенционирање на електричната енергија. Минатата година субвенционирањето […]

Битиќи најави реконструкција на зградата на „Македонска пошта“ со европски фондови


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави денеска дека реконструкцијата на зградата на „Македонска пошта“ ќе биде со европски фондови, и очекува во догледно време да има предлог до Владата. На новинарско прашање по денешното отворање на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во општина Кисела Вода, заедно со министерката […]

Битиќи: Иновативноста и креативноста се клучни за развој со додадена вредност


Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска го посети „Лабараториум“, компанија од делот на креативната индустрија која во центарот на градот има простор наменет за развој на култура на иновации и креативност. Како што информира владината прес-служба, при обиколката на просториите на „Лабараториум“ вицепремиерот Битиќи од страна на сопствениците […]

Пензионерите од ранливите категории шест месеци ќе добиваат фиксен додаток


  Сите пензионери од ранливите категории ќе добиваат фиксен паричен додаток , најверојатно шест месеци. Ова го најави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во вчерашното гостување на „Утрински печат“, кој рече дека оваа финансиска помош ќе биде дел од антикризните мерки кои се очекува да бидат обелоденети наредната недела од страна на Владата. Помошта за пензионерите ќе […]

Подготвена нацрт верзија на Закон за Националната развојна стратегија


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната средба со директорката на Регионалната канцеларија на УНДП во Истанбул Стелиана Недера и постојаниот претставник на оваа организација во нашата земја Армен Григоријан разговараа за заедничките активности кои Владата ги спроведува во соработката со УНДП, на различни проекти. На средбата стана збор за Националната развојна стратегија, за […]