Се почитува договорот со „Гаспром“, проширувањето на гасоводот е да има и други учесници, вели Бислимоски


  Првите луѓе во енергетскиот секртор во земјава уверуваат дека гас ќе има и по 1 јануари годинава, кога се менуваат правилата за увоз на овој енергент, откако се зголеми моѓноста за транспорт на природен гас преку единствениот гасовод кој го има земјава, а доаѓа преку Бугарија. Најголем потрошувач на гас во државата е ТЕ-ТО […]

Бислимоски очекува одлуката на ЕУ за плафонот на цената на гасот да има позитивно влијание и кај нас


По неколку месеци разговори и преговори министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ во понеделникот се договорија за воведување плафон на цената на природниот гас, а на прашањето дали ова би имало некакво влијание кај нас, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски одговара позитивно и вели дека е добар […]

Ќе испратиме јасен сигнал до ние кои штедат струја, дека ќе имаат помали трошоци, вели Бислимоски


  Ќе испратиме јасен сигнал до потрошувачите кои штедат, дека ќе имаат намалени трошоци на електрична енергија, истакнува за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски по состанокот на 53-от Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина. На состанокот со кој како претседател заседаваше првиот човек на […]

Бислимоски во Атина ќе заседава со 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница


  Мерките во енергетскиот сектор кои се преземаат од сите земји членки на Енергетската заедница за да се обезбеди сигурно, стабилно и непречено снабдување со електрична енергија и природен гас ќе бидат детално презентирани и разгледани на денешниот состанокот во Атина на 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница со кој заседава претседателот на Регулаторната […]

Нема промена во блок тарифите, одлука за цената на струјата во наредните две недели


Во наредните десетина дена енергетските компании во државата се очекува да ги достават барања до Регулаторната комисија за енергетика во однос на цената на електричната енергија, по што РКЕ ќе донесе и конечна одлука дали од Нова година ќе има поскапа струја за домаќинствата. Она што е познато е дека нема да има промена на […]

Бислимоски: Од полноќ поголемо намалување на бензините, дизелот дури за пет денари


 Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар и кај Мазутот […]

Бислимоски: Се што ни стои како механизми на располагање ќе ги искористиме за да нема поскапување на струјата


  Струмица – Се што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, коментирајќи ги најавите Владата за зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто и на цената на струјата од […]

Бислимоски: Неопходно е рационално трошење на енергенсите


  Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, на редовниот месечен […]

ЕСМ директно ќе продава струја за училиштата и компаниите, за да не плаќа маржа на ЕВН


  Крајната цел е основните и средните училишта, македонските компании, јавните комунални претпријатија и прочистителните станици да добијат пониска цена на електричната енергија од пазарната и наместо да се финасира ЕВН и да му се плаќа маржа, ЕСМ директно да им ја продава на нив, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги […]

Бислимоски најави мерки за да се избегне зголемување на цената на струјата


  Превземавме и ќе допреземеме одреден сет на мерки со цел да избегнеме зголемување на цената на електричната енергија. Да видиме каде сме, што сме, да проанализираме, па потоа ќе видиме дали ќе има зголемување или намалување на цените на електричната енергија, истакна денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, осврнувајќи се на […]

Бислимоски: РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија


  Потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го потрошиле. Регулаторната комисија за енергетика не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена што ја одредува и тие се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Доколку некој потрошувач има добиено сметка која има отстапување од реалната состојба, може самостојно да […]

Од секогаш се плаќала мрежарина за потрошена струја, вели Бислимоски


  Не постои никаква нова давачка за електрична енергија. Кога ќе се собере трошокот за електрична енергија на пример за првиот блок и ќе се собере трошокот за мрежарината ќе се добие вкупна цена за електрична енергија како што било претходно. Има само една вистина, а тоа е дека нема никаква нова давачка, туку во […]

РКЕ бара БЕГ да ги сторнира зголемените сметки за парно за август, не ја вклучиле субвенцијата


  Единствена причина за зголемувањето на сметките за топлинска енергија што ги добија граѓаните за август е тоа што во нив не е вкалкулирана субвенцијата која што ја дава Владата за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје и од тие причини се значително зголемени, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни […]

Бензините ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, најави претседателот на РКЕ


Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот и понатаму ќе остане иста, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. Тој посочи дека намалувањето на цените ќе беше поголемо доколку не се зголемеше курсот на доларот во однос на денарот. Од […]

Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто


 За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Како што рече Бислимовски, ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. – Во зависност од блоковите, во зима 59,9 отсто од домаќинствата ќе […]

(Во живо) Подготвителна седница на РКЕ за реформата на тарифниот систем за електрична енергија


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи подготвителната седница за реформата на тарифниот систем за електрична енергија (блок тарифи). Подготвителната седница, како што е најавено, ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ во Скопје. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски минатата недела најави дека текот на […]

Воведувањето четири блок тарифи за скапа струја не е противуставно, велат Зибери и Бислимоски


Народниот правобранител Насер Зибери и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски сметаат дека не се противуставни предложените измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач и воведувањето на четири блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија, односно за скапата струја. – Нашата земја и по Устав е дефинирана […]

Од септември БЕГ нема да ги грее скопјани, тече постапката за одземање на лиценцата


  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. „Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика […]

Претседателот и членовите на РКЕ на средба со директорот на ЕЗ, Лорковски


Размена на мислења во врска со снабдувањето со природниот гас, но и за отпорноста на енергетскиот систем и функционирањето на регулативата во време на енергетската криза, беа тема на денешниот состанок во Скопје на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со Артур Лорковски, новоименуваниот директор на Енергетска заедница (ЕЗ). Претседателот на […]