Без вода дел од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Центар


 Поради промена на затварач ф 80 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.13, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Народен Фронт“ и дел од ул.„Васил Ѓоргов“.  Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот до завршување со работните активности.

Без вода дел од булеварите „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и амбуланта „Пролет“


Поради дефект на приклучна цевка на булеварот „Никола Карев“ број 9 во населба Центар, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од овој булевар, како и „Трета македонска бригада“ и амбуланта Пролет, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот. 

Без вода дел од ул. „Ленинова“


 Поради водоводен приклучок ф 80мм на ул. „Ленинова“ бр 66 во Скопје, изутрина од 08.30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Ленинова“ на потег од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до ул.„Никола Тримпале“. Како што најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на интервенцијата.

Без вода дел од Драчево, намален притисок во Долно Лисиче


  Поради уличен дефект, без вода денеска од 14:30 часот се корисниците на улиците „Румена Хаџипанзова“, „Антон Димитров“, „Коперникова“, „Јанко Мишиќ’ во населбата Драчево. Намален притисок, пак, ќе имаат корисниците во Долно Лисиче, информира ЈП Водовод и канализација Скопје.

Без вода дел од Козле и реонот околу Млин Балкан


Без вода денеска ќе бидат делови од скопските насеби Козле и Центар, во реонот околу поликлиниката Идадија (Млин Балкан), информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 147 во населбата Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улиците „Јуриј Гагарин“, […]

Без вода дел од Припор


Поради уличен дефект Ф-80 мм на ул.Христо Татарчев бр.75, без вода утрово од 08:30 часот се корисниците во дел од населбата Припор. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Поради дефект без вода корисиците на Ченто


Поради уличен дефект ф-80 мм на улица „Кожув“ 18, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Кожув“, „Сава Михајлов“, „Тодор Чапов“, „Тодор Ецов“ и „Томас Минцер“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Без вода жители на Бутел


Поради санирање на уличен дефект од Ф-100 мм на ул.Иван Манолев бб (до Детска Градинка) во општина Бутел,со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Иван Манолев. Жителите нема да имаат вода до завршување со активностите. 

Без вода дел од корисниците на две улици во Капиштец и Тафталиџе


  Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улиците „Козара“ во Капиштец и „Варшавска“ во Тафталиџе, информираат од „ЈП Водовод и Канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето во населбата Капиштец е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 80 милиметри на улица „Козара“ 21 и ќе трае од 9 часот, па до санирање […]

Без вода дел од скопско Лисиче


Поради замена на вентили по шахти на улица „Мите Богоевски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на оваа улица од раскрсницата со „Илија Димовски – Гоце“ до каналот, потоа на „Жорж Бизе“, како и на уличките број 1, 3, 5, 7, 2 и 4 во скопската населба Лисиче. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ […]

Без вода дел од бул „Трета македонска бригада“


Поради менување на вентил во шахта, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, вклучително и објектите на Агенцијата за национална безбедност и „Жито Лукс“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до санација на дефектот, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Без вода дел од улиците „Козара“ и „Васил Ѓоргов“ во Центар


Поради уличен водоводен дефект од ф100 милиметри на улица „Козара“ број 64 во скопската населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на оваа и на улицата „Васил Ѓоргов“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 11:00 часот, па се до отстранување на дефектот.

Дел од Тафталиџе денеска без вода


Поради изведување приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Осло“ број. 29 во скопската населба Тафталиџе, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Бањалучка“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот, па до завршувањето на работите.

Без вода реонот околу поранешна „Газела“ и делови од населбите Кисела Вода и Ченто


Поради промена на затворачи денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците околу поранешната фабрика „Газела“, како и дел од населбите Кисела Вода и Ченто. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради замена на затворачи Ф200 милиметри и Ф150 милиметри на улица „15-ти Корпус“ бб на Авто-полигонот на АСУЦ, прекин во водоснабдувањето ќе […]