ССМ: Бесими прави кривично дело со бришење на одредбата за покачување на платите во Министерството за финансии


  Сојузот на синдикати смета дека со вчерашното бришење на одредбата за зголемување на платите во Министерството за финансии за 30 проценти, ресорниот министер  Фатмир Бесими свесно прави кривично дело по член 166 од Кривичниот законик.  Укажува дека одредбата за зголемување на платите Бесими сам ја донел и ја бранел и е должен да ја спроведе.  […]

Бесими: Данокот на солидарност значи одговорно справување со кризата денес


    Данокот на солидарност, кој е замислен како еднократен данок и се однесува само на најголемите компании, има пред се солидарен ефект и треба да ја покаже општествената одговорност на сите нас, и на тие што сме во политиката, и на бизнис заедницата. Одговорност да се справиме со кризата ние сега, а не да […]

Бесими: Ќе се напарават напори за побрз поврат на персоналниот данок кај земјоделците


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека ќе се напарават дополнителни напори за да се забрза повратот на персоналниот данок на доход кај земјоделците. Тоа, како што рече, ќе се реализира во координација со УЈП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бесими, одговорајќи на пратенички прашања, рече дека во процедура е и […]

Од фирмите што работат во недела собрани 94 милиони денари данок


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска информира дека се собрани околу 94 милиони денари од данокот на фирмите кои работеа во недела. Тие средства ќе се трошат за фонд за развој и за човечки капитал, но тоа не значи и раст на платите. Според Бесими, ставката за плати е јасна. Дефинирана е во Буџетот […]

Бесими: Техологијата и знаењето ќе бидат двигатели на растот во новата глобална економија


  Технологијата ќе има една од водечките улоги во новата реглобализирана економија, давајќи придонес во сите системи, од трговијата и инвестициите, подобрување на иновативноста и отпорноста на приватниот сектор, работната сила, до справувањето со климатските промени и енергетската транзиција. Проценките се дека околу 70 отсто од новата вредност создадена во глобалната економија ќе дојде од […]

Со кредит од ЕБОР и донации од ЕУ и Швајцарија ќе се воспоставува европски систем за управување со цврст отпад


Нашата земја првпат ќе воспостави регионални системи за управување со цврст отпад по европски стандарди, соопштија Министерствот за финансии и Министерствот за животна средина. Средствата ги обезбеди Министерството за финансии, а проектот ќе се имплементира преку Министерството за животна средина и просторно планирање. За реализација на овој проект денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот […]

Бесими на „Еуромани“: Фискалната консолидација дава резулати во намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг


  Владата спроведува здрави политики кои дадоа соодветен одговор на кризата и поставуваат основа за натамошен долгорочен развој. Водиме претпазлива фискална политика која ја штити стабилноста на јавните финансии и посветено работиме на намалување на буџетскиот дефицит кој годинава е проектиран на ниво од 4,6 отсто од БДП, а наредната треба да се спушти на […]

Дефицитот понизок за 117,6 милиони евра во однос на планот, реализација на капиталните инвестиции од 88 отсто во 2022


  Во 2022 година вкупните приходи се реализираа со високи 99 отсто од проекцијата, додека расходите се нешто пониски од очекуваното. Буџетскиот дефицит е понизок за 117,6 милиони евра во однос на проектираното, или во споредба со претходната, 2021 година, за 8,7 отсто, со што е на зацртаната патека на фискална консолидација, соопштија од Министерството […]

Данок за екстра добивка ќе има за 180 компании


  Владата очекува со новиот закон за екстра добивка да наплати дополнителни 90 милиони евра за државната каса, а со оваа давачка ќе бидат опфатени околу 180 фирми кои годинава оствариле вкупен приход од над 10 милиони евра и чиј профит е поголем од 20 отсто во однос на четиригодишниот просек. Со овој закон ќе […]

Бесими: Во предложениот Буџет за 2023 капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит


  Предложениот Буџет за 2023 година е во согласност со златното правило во јавните финансии – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит, односно ќе се позајмува само за финансирање на инвестициските проекти. Реализацијата на буџетот ќе се раководи според принципот вредност за вложените пари, при што ќе се внимава парите на граѓаните да се […]

Почнаа дебатите за воведување на данок за екстра профит


  Министерството за финансии почнува дебата за иницијативата за воведување данок на екстра профит. За таа цел, како што соопштија од МФ, денеска министерот Фатмир Бесими одржа средба со бизнис заедницата. На средбата присуствуваа претставници од најголемите стопански комори, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Македонската банкарска […]

Бесими: Законот за буџети темел на реформите за подобрување на управувањето со јавните финансии


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг, посветен на поглавјето 32 кое се однесува на финансиската контрола, а за кое поглавје Министерството за финансии е водечка институција. „Подобрувањето на управувањето со јавните финансии во континуитет е меѓу врвните приоритети на Владата, кој, исто така е и приоритет за пристапување […]

Бесими на билатерален скрининг со ЕУ во Брисел


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска и утре во Брисел ја предводи делегацијата на земјава во билатералниот скрининг за економските критериуми и реформи во јавна администрација и финансиска контрола. Министерството за финансии е водечка институција во овие поглавја од билатералниот скрининг, кој започна со првиот кластер во ноември 2022 година. Областа економски критериуми е […]

Бесими: Суштината на даночната реформа е праведно оданочнување


  Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека даночната реформа не значи зголемување даноци и даночни стапки, туку се однесува на проширување на даночната основна по два основа – намалување на сивата економија и ревидирање на даночните ослободувања. Целта на оваа даночна реформа и претставениот Концепт е воспоставување современ даночен систем кој ќе биде поправеден, […]

Прес-конференција на премиерот Ковачевски, Бесими, Тренчевска и Лукаревска


Денеска , во 14.30 часот, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе одржат прес-конференција. На прес-конференцијата ќе бидат присутни министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Проследете ја во живо:

Бесими очекува поддршка од ЕБОР за реализација на капиталните инвестции


  Капиталните инвестиции се еден од најзначајните приоритети на Владата и тие во буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 790 милиони евра. Во реализацијата на овој приоритет Владата добива значајна поддршка од меѓународните финансиски институции. Меѓу најголемите поддржувачи на значајни крупни проекти за инфраструктурно поврзување, заштита на животната средина, енергетска независност и […]

Бесими: Јавниот долг до крајот на годинава нема да достигне 60 отсто од БДП


  До крајот на годината јавниот долг нема да достигне ни 60 отсто од БДП, иако предвидувавме да биде 65,6 проценти, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. Бесими се јави за збор веднаш откако претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година како историски […]

Бесими-Нуредини – Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за инфраструктурни проекти


  Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините во РС Македонија за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова […]

Справување со кризата, фискална консолидација: Што содржи Предлог – буџетот за 2023


  Вкупните приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Како што рече денеска министерот за финансии Фатмир […]

Силното фискално затегнување може да предизвика контракција на економијата, предупредува Бесими


  Постепена фискална консолидација, добра стратегија и издржан план за забрзување на растот, инвестиции во човечкиот и физичкиот капитал, дигитализација и одржливост, се петте клучни чекори за забрзување на економскиот раст, по заздравување на економијата од тековната глобална криза, наведува во својата најнова колумна посветена на буџетот и економските стратегии министерот за финансии, Фатмир Бесими. […]