Нова точка на раздор меѓу Влен и владата на Еди Рама: „Идиоти“ ги разгневи македонските министри


  Можеби сегашната структура од Влен не е во најдобри односи со владата на Еди Рама во Тирана, но инцидентот од последниве два дена ги олади дополнително комуникациите меѓу нив. Причина е порака на министерот за надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа на група на „Вотс ап“ комуникацијата во која министерот Хоџа наводно вели за […]

(Во живо) Прес-конференција на министерот Бесар Дурмиши за минималната плата


Проследете на прес-конференцијата во Владата на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско социјалниот совет на која на дневен ред беше усогласувањето на минималната плата и владината потрошувачка кошница.  

Ако минималната плата се зголеми без економска поткрепа, ќе бидат отпуштени многу работници, вели Дурмиши


 Mинималната плата сe одредува од економскиот развој, зголемување на продуктивноста и нивото на трошок за живот. Ад хок предлог за зголемување без економска покрепа и без да се направи анализа ќе направи директен притисок кај малите и средни претпријатија кои се столбот на економијата, вели министерот за екомонија и труд Бесар Дурмиши во одговор на […]

Потрошувачката кошница, сепак, ќе биде за четиричлено, а не за тричлено семејство


Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС). Владата, инаку, […]

Последен ден со ограничени маржи, власта се заканува со нови мерки ако има енормно зголемување на цените


Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки. Министерот за економија и труд […]

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците


Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени на нивните веб страници во посебен дел и да се ажурираат секој ден до 10 часот.  Министерот за економија Бесар Дурмиши вели дека трговците имале доволно време да се прилагодат на оваа нова законска обврска […]

Преку дебата до одлука дали ќе се прават измени или ќе се оди со нов закон за работни односи


Трудовото законодавство е од витално значење за економијата и за постигнување економска ефикасност и добросостојба на населението како целина, а Законот за работни односи има значајна улога во обезбедувањето легислативна рамка за правични и ефикасни работни односи што треба да промовираат продуктивно пристојно вработување и социјален мир, порача денеска министерот за економија и труд Бесар […]

Ако минималната плата не се објавеше до 31 март, ќе се блокираше целата држава, вели Дурмиши


 Живееме во демократија и секој има право да излезе на улица и да протестира и да го каже својот револт, но на синдикатите веќе им истече мандатот и веќе не се репрезентативни, порача денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. -Како Влада ја формиравме комисијата која треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатите и […]

Од средина на април задолжително објавување на цените на веб страниците на маркетите


Согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своите интернет страници, а во наредните десет дена ќе бидат објавени и правилниците на кој начин истите треба да се објавуваат, информираше министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. […]

Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија


Бројни неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на внатрешните прописи, управните и законските процедури констатирала ревизијата во Министерството за економија што ја иницираше актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши. Постојат сознанија, соопшти денеска Дурмиши, дека државниот буџет е оштетен за 127 721 000 денари или за приближно два милиона евра како резултат на непреземање […]

Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница


Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската кошница ќе одат со акции или, пак, со одлука за замрзнување на цените, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. -До 15 јануари, до кога трае Новогодишната кошница, ќе се знае дали ги постигнала очекуваните резултати или не. Оваа кошница ја направивме […]

Собранието го одобри Предлогот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва


По скратена постапка во Собранието е донесен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва кој е заснован на Реформската агенда, која е составен дел на Планот за раст на земјите од Западен Балкан, усвоен од Европската Унија, информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.  -Според Реформската агенда, конкретно делот 4.1.5. Реформи […]

Дурмиши, Ристески и Стојаноски задоволни од новогодишната кошница, производите поевтиниле за 10 отсто


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе. Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни […]

ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки


Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка. Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога […]

Есенската кошница ќе трае еден месец, но ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска…


Предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој се опфатени стотина основни прехранбени производи, е донесен во консултација со стопанските комори. При неговото изготвување биле земени предвид сугестиите и од производителите и трговците. Како што рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила […]

Дурмиши ќе ја „пегла“ потрошувачката кошничка, имало голема разлика меѓу синдикалната и онаа на Статистика


Министерот Бесар Дурмиши денеска најави дека ќе се зафати со разликите кои се јавуваат помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на синдикатите во износот на потрошувачката кошничка. „Според податоците кои ги зедовме од Државниот завод за статистика и пресметките кои ги направивме во Министерството за економија резултатите не се исти со пресметките што ги […]

Министерот за економија Бесар Дурмиши ја предаде употребната дозвола за новиот објект на фабриката КИЕЛ


Во ТИРЗ Тетово Министерот за економија Бесар Дурмиши на претставниците од фабриката за производство на седишта за возови и автобуси КИЕЛ им ја предаде употребната дозвола за новиот објект кој е изграден во кругот на тетовската индустриска зона. Со употребната дозвола компанијата почнува со работа во новиот производствен погон во Тетово, кој се простира на […]

Дурмиши: Барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата ќе се разгледа на првиот ЕСС


Барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата и изнаоѓањето решение со коморите, трговците, увозниците и производителите на храна за стабилизирање на цените ќе бидат приоритетите на новиот министер за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира тој на денешната прва прес-конференција по неговото назначување, ќе се залага за отворен дијалог во рамки на […]