Спасовски нема да биде гонет за случајот „Виа комерц“


Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска на брифинг со новинарите соопшти дека екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нема да се гони за случајот „Виа комерц“. Надлежната обвинителка рече дека постапувале по анонимна пријава, која била за гонење на екс министерот по членот 353 односно злоупотреба на службената положба и […]

Пресудата за „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март


Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март откако денеска во Основен кривичен суд Скопје се одржаа завршните зборови од процесот. Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ […]

Предметот за трагедијата со изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука


Државниот обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ и имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството. Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука. Државниот обвинител не […]

Судењето за „Беса Транс“ се одложи за 2 февруари


Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за „Беса Транс“ поради симптоми на Ковид-19 на обвинетиот сопственик на компанијата, Беким Хаџиу. Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, до судот достави потврда за направен тест за Ковид-19 и кажа дека до овој момент не добиле резултати. – Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро […]

Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен, судењето продолжува на 23 декември


Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар. Откако јавниот обвинител го прочита […]

Започна судењето за „Беса Транс“


Во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска започна судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани. Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. – Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен […]

Алиспахиќ: Треба да се направи дистинкција помеѓу сообраќајката во Бугарија и судењето за случајот „Беса Транс“


Треба да се направи дистинкција помеѓу немилиот настан што се случи во Бугарија минатата година и овој судски процес, бидејќи тие не се меѓусебно поврзани. Ова е процес исклучиво по поднесен обвинителен предлог во делот на работењето на самото правно лице, изјави денеска адвокатот Асмир Алиспахиќ, застапник на обвинетиот во случајот „Беса Транс“. – Ние […]

Првото рочиште за случајот „Беса Транс“ одложено за 15 ноември


 Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, е одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. На судењето, обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител […]

Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра


СОФИЈА – Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра. Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност […]

Постојаната анкетна комисија ја почна седницата за автобуската несреќа на „Беса Транс“ и за пожарот во тетовската болница, пратениците од мнозинството не присуствуваат


Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница […]

Одземена лиценцата на „Беса Травел“


 Министерството за економија денеска ја одзема лиценцата на туристичката агенција „Беса Травел“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на неговиот Фејсбук профил. – По барање на Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на субјектот ДТППУ БЕСА ТРАНС БТБ ДООЕЛ експорт –импорт со адреса: село Рашче, Општина Сарај […]

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“


Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која животот го загубија 46 лица. Бектеши соопшти дека денеска во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на […]

Викендов ќе се знаат резултатите од вештачењата за автобуската несреќа во Бугарија


Се наврши еден месец од автобуската несреќа во Бугарија, а бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата – судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото би можело да бидат готови и до 25 декември. Според шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а […]

Во Софија осуден мажот кој на интернет објави недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“


Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштение на […]