Расте бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија
Бројот на загрозените белоглави мршојадци во Македонија бележи значителен пораст, покажуваат најновите податоци од пребројувањето спроведено од Македонското еколошко друштво (МЕД) и Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци. Оваа гнездечка сезона се потврдени 19 до 20 активни двојки, што претставува највисока бројка од 2010 година наваму. Од вкупниот број, 9 двојки се гнездат […]