Бројот на банкроти во Германија на највисоко ниво во последите 20 години
Речиси 4.600 компании во Германија прогласија банкрот во првите три месеци од оваа година, најмногу во изминатите повеќе од 20 години, објави денес Институтот за економски истражувања од Хале (IWH). Во периодот од јануари до март, 4.573 компании прогласија банкрот, најмногу од третиот квартал од 2005 година, кога беа регистрирани 4.771 банкроти, според официјалните податоци. […]