Делегација на Венецијанската комисија дојде во Македонија да го испита укинувањето на „балансерот“


Делегација на Венецијанската комисија  вчера имала средба со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и со судијката Ана Павловска-Данева на која, меѓу другото, било разговарано и за т.н. „балансер“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, која Уставен ја укина лани во октомври. Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи соопшти […]

Минчев: В понеделник конкрени насоки за сите огласи, конкурси, унапредувања по укинувањето на „Балансерот“


Министерот за јавна администрација, Горан Минчев изјави дека во однос на Законот за правична застапеност владината коалиција има капацитет да отвори политички дијалог со кој ќе се најде соодветно решение и ќе го гарантира уставното право, а тоа е правична застапеност на етничките заедници. Тој капацитет постои, нагласи Минчев и изрази надеж дека до такво […]

Делегацијата на ЕУ чека да ги види предлозите по укинување на балансерот


  Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на балансерот. – ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. […]

„Балансерот“ в среда на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука


Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како […]

Функционерите согласни дека „балансерот“ е злоупотребуван, повеќето со став за вработувања базирани на квалитет


  По одлуката на Уставен суд за замрзнување на „балансерот“, функционерите на власта ги споделија своите ставови. Генералниот заклучок е дека ова е алатка која била злоупотребувана, а вработувањата треба да се базираат на квалитет. Тие најавија дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата. Според мандатарот […]

Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд


  Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“, законското решение ќе почека додека нема конечна одлука, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово. Тој потенцираше дека лично ја […]

Балансерот за министерот Минчев е завршена работа, за „Вреди“ тоа е нефункционално решение


Коалициските партнери во Владата ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ и вчера со реакции околу Балансерот. На изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека темата за Балансерот е завршена, архивирана и веќе се спроведува, од коалицијата „Вреди“ велат дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет за злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат […]

Минчев бара од „Вреди“ да се вразумат: Темата за балансерот е завршена


  Во законот за вработени во јавниот сектор пишува дека алатката „балансер“ се применува за граѓаните кои живеат на територија на Македонија, а министерот за јавна администрација нема намера да отстапи од тоа. Им пораќува на коалиционите партнери од „Вреди“ да се вразумат. „Не постои ништо што е намерно – или ќе се почитува закон […]

Балансерот злоупотребен и во Министерството за јавна администрација


Во новоформираното Mинистерство за јавна администрација, во моментов 43 до 45 отсто се вработени од етничките заедници, што значи дека  балансерот е злоупотребен, соопшти денес  министерот за јавна администрација, Горан Минчев. – Тоа е предмет на ревизија. Досегашните информации и анализи укажуваат дека од стопроцентната вработеност, некаде 18 до 19 отсто ја имаат злоупотребено можноста […]

Балансерот е прочистен – во него се само резидентните граѓани


Балансерот од денеска е прочистен. Од него се извадени сите лица кои се попишани во Италија, Швајцарија, Германија, а остануваат само резидентите жители на Македонија. Ова го соопшти новиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој рече дека времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото, но со почитување на УСтавот кој гарантира соодветна […]

Ковачевски: Балансерот е надминат – треба да разговараме за професионализам


 Доаѓаме во фаза кога треба да се седне на маса, но треба сите да седнат бидејќи во 2001 година седеле најголемите партии од двете, да кажеме етнички заедници, и меѓународното посредништво на ЕУ и на САД. Тоа значи, еднострано не можете да го смените, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со примената на балансерот односно […]

Алиу: За злоупотребите на балансерот нема решение


Откако некои Македонци, почнаа да се пишуваат Албанци, Роми, Срби и друго, со цел да се вработат на некоја позиција во јавниот, државен апарат, повеќе релевантни институции, граѓански здруженија укажаа на потребата од негово менување, но според министерот за иинформатичко општество и јавна администрација, засега немаат решение. Тој денеска ја претстави новата Стратегија за  за […]

Грковска: Балансерот се злоупотребува, неопходен е модел кој повеќе одговара на сегашните околности


  Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат истакна дека принципот на соодветна и правична застапеност одигра важна улога и на многумина им даде шанса да бидат вработени во јавната администрација, но дека тоа веќе се злоупотребува и нагласи дека треба да се […]

Балансерот дискриминира, се бара намалување на државната администрација


Министерството за информатичко општество со допис побарало од сите државни институции да имаат најмалку 31,4 отсто вработени етнички Албанци, бројка која се однесува на граѓаните кои живеат во Македонија и во дијаспората. На оваа реагираат некои партии, кои бараат балансерот да се напушти, но и да се намали бројот на вработени до 30 отсто. По […]