(Видео) Портпаролката ненадејно ја прекина прес-конференцијата на Бајден, а во позадина свири музика


Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој, Виетнам во неделата. Во еден момент таа го зеде микрофонот и рече дека настанот е завршен, иако американскиот претседател сѐ уште одговараше на прашањата на новинарите во просторијата. „Ви благодарам на сите – овде завршува прес-конференцијата“, рече Жан-Пјер откако […]

Бајден ги одзема лиценците на Трамп


Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека ќе ги укине преостанатите седум дозволи за експлоатација на нафта и гас во природниот резерват на Алјаска. Покрај тоа, беа најавени нови мерки за заштита на повеќе од 5,2 милиони хектари од Националниот нафтен резерват, исто така во Алјаска. Овие активности „ќе помогнат во заштитата и зачувувањето на земјата […]

Бајден е разочаран што Си Џинпинг нема да дојде на самитот на Г-20 во Индија


Претседателот на САД Џо Бајден изјави синоќа дека е разочаран што претседателот на Кина, Си Џинпинг нема да дојде на самитот на лидерите на Г-20 во Индија, додавајќи дека има намера да се сретне со него. -Јас сум разочаран … но имам намера да се сретнам со него, кажа Бајден во изјава за новинарите во […]

Бајден по ураганот Идалија: Ниту еден интелигентен не може да се сомнева во климатските промени


Американскиот претседател Џо Бајден вчера отпатува за Флорида за да го види степенот на штетата предизвикана од ураганот Идалија и да понуди поддршка за жртвите од невремето, но тој не се сретна со гувернерот Рон Де Сантис, потенцијалниот противник на претседателските избори. Портпаролот на Де Сантис уште во петокот рече дека гувернерот не планира да […]

Бајден: На Америка повеќе не ѝ треба постојно воено присуство во зоните на ризик


Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа оддаде почит на ветераните од војната во Авганистан и посочи дека на Америка повеќе не ѝ треба постојно воено присуство во зоните на ризик.  Изјавата на Бајден е на втората годишнина од крајот на војната во Авганистан. Тој вети продолжување на работата на ветерените за обезбедување безбедност и заштита […]

Бајден: Ќе отпатувам на Хаваите што е можно поскоро


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе отпатува на Хаваите „што е можно поскоро“, по критиките за неговиот одговор на смртоносните шумски пожари на островот во кои загинаа повеќе од 100 луѓе, јавува денеска Би-би-си. Говорејќи во Милвоки вчера, Бајден рече дека сака да се погрижи луѓето во државата да имаат „сè што им треба“. […]

Бајден првпат јавно призна дека има седмо внуче, ќерка на неговиот син Хантер


Американскиот претседател Џо Бајден првпат јавно призна дека има седмо внуче во изјава за американскиот магазин „Пипл“. Четиригодишното девојче е дете на неговиот син Хантер Бајден, кој во јуни ја реши долготрајната битка за алиментација. „Ова не е политичко прашање, тоа е семејно прашање. Џил и јас го сакаме само најдоброто за сите наши внуци, […]

Бајден и наложи на Владата да ги предаде на МКС податоците за воените злосторства извршени од Русија во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден и нареди на американската влада да започне со доставување до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг податоци за наводните руски воени злосторства во Украина, изјави американски претставник. Пентагон се спротивставува на таквиот потег, а претставници на американското Министерство за одбрана во приватни разговори велат дека секоја отворена соработка со Судот во […]

Бајден го укина студентскиот долг за повеќе од 800.000 Американци


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе укине студентски заеми во вредност од 39 милијарди долари за повеќе од 804 илјади кредитори, објави денеска американското Министерство за образование. Простувањето на долгот ќе биде достапно за оние кои најмалку 20 години плаќаат месечни рати под отплата според приходите (ИДР). Програмата ИДР го ограничува износот на отплата […]

Бајден: Путин веќе ја изгуби војната во Украина


 Американскиот претседател Џо Бајден одржа заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто во Хелсинки. Тој рече дека конфликтот во Украина не би требало да трае со години, наведувајќи дека Владимир Путин веќе ја изгубил војната, пишува Си-Ен-Ен. „Не постои никаква можност тој да ја добие војната во Украина. Тој веќе ја изгуби таа војна“, рече […]

Бајден: Односите со Обединетото Кралство се „цврсти како карпа“


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека односите со Обединетото Кралство се „цврсти како карпа“ за време на разговорите во Лондон со британскиот премиер Риши Сунак, јавува Би-Би-Си. Сунак ги поздрави Обединетото кралство и САД како „двата најсилни сојузници“ во НАТО. Тие, исто така, разговараа за потегот на САД да и дадат на Украина контроверзни […]

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО


 Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде […]

Бајден: Вооруженото насилство ги уништува заедниците низ САД


Американскиот претседател Џо Бајден денеска се осврна на масовните престрелки што ги потресуваат САД и истакна дека вооруженото насилство ги уништува американските заедници. – Во последните неколку дена, низ САД – од Филаделфија, Форт Ворт и Балтимор, преку Лансинг и Вичита до Чикаго, нашата нација повторно претрпе бран трагични и бесмислени престрелки, рече Бајден. Тој […]

Прва реакција на Џо Бајден за неуспешниот бунт во Русија


Американскиот претседател Џо Бајден за прв пат лично го коментираше неуспешниот бунт на платеничката група Вагнер во Русија, кој траеше помалку од 24 часа. „Западот нема никаква врска со тоа“, рече Бајден, додавајќи дека му наложил на својот тим за национална безбедност да ги следи настаните во саботата во Русија и да му известува „на […]

Бајден го нарече диктатор кинескиот претседател Си Џинпинг


Американскиот претседател Џо Бајден вчера го нарече диктатор кинескиот претседател Си Џинпинг, додавајќи дека Си бил многу засрамен кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД. Бајден ова го кажа на настан за собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со Си во Пекинг, со цел […]

Републиканска партија: Имаме докази дека Бајден примил мито како потпретседател на САД


Американската републиканска партија тврди оти има докази, аудио снимки, кои сведочат дека Џо Бајден, додека бил потпретседател на САД, примал мито. Случајот е наречен „Брајб гејт“ (Brib-gate), што се поврзува со скандалот „Вотергејт“ (Watergate) и зборот „брајб“ што значи „поткуп“. Бајден, како што се тврди, во 2016 година, кога беше потпретседател на САД, исплатата на […]

Бајден: Украина мора да ги исполни сите услови за членство во НАТО


Претседателот на САД, Џо Бајден денеска изјави дека Украина мора да ги исполни сите услови како и другите земји за да стане членка на НАТО. Тој наведе дека не треба да ѝ се олесни пристапот на Украина. Украина не може да биде фаворизирана и мора да се почитуваат сите критериуми. Значи, нема да и олесниме, […]

Бајден заврши говор со „Боже чувај ја кралицата“


 Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа говор на националниот самит за Побезбедни заедници во Конектикат, повикувајќи на построги закони за контрола на оружјето, но на крајот од својот говор тој ги збуни присутните велејќи „Боже чувај ја кралицата“. На интернет се шират видеа од пораката на американскиот претседател на крајот од неговото обраќање во Конектикат, а […]

Бајден: Западните земји направија сè за да ја подготват Украина за контраофанзива


Западните земји направија се за да ја подготват Украина за контраофанзива, изјави американскиот претседател Џо Бајден, додавајќи дека е оптимист. „Колективно направивме сè за да им помогнеме да бидат подготвени. Помошта ќе продолжи“, рече Бајден на прес-конференција. Тој истакна дека САД и нивните сојузници имаат намера да му пружат помош на Киев во обезбедувањето „долгорочна […]

Бајден на комеморација за масакрот во училиште во Тексас повторно повика за забрана на автоматското оружје


На комеморација во Белата куќа по повод првата годишнина од масовното убиство во училиштето во Увалде, во сојузната држава Тексас, американскиот претседател Џо Бајден го повтори својот повик за забрана за продажба на автоматско оружје. Претседателот, во придружба на сопругата Џил, кажа дека тоа е „тежок ден“ за семејствата додека гореа 21 бела свеќа во […]