Политико: Администрацијата на Бајден се подготвува за проширување на конфликтот на Блискиот Исток


Официјални лица на администрацијата на Бајден прават планови за американскиот одговор на потенцијалното ширење на конфликтот од Газа во другите делови на Блискиот Исток, пишува Политико, повикувајќи се на четворица упатени официјални лица кои побарале да останат анонимни. Порталот наведува дека некои официјални лица во Вашингтон веруваат дека војната во Газа ескалирала многу подалеку од […]

Бајден: Путин мора да биде запрен


Претседателот на САД, Џо Бајден денеска истакна дека последниот руски ракетен напад врз Украина е „силен потсетник“ дека рускиот претседател Владимир Путин останал посветен на уништувањето на Украина и рекол дека „тоа мора да се запре“, објавија британските медиуми. Бајден даде изјава за време на божиќниот одмор на Американските Девствени Острови во врска со рускиот […]

Бајден издаде наредба за напад


Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди напад врз милициите поддржани од Иран во Ирак, по ранувањето на американски војници во напад со беспилотно летало во северен Ирак. Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон изјави дека еден од војниците е тешко повреден во нападот што се случи во понеделникот. Агенцијата АП јавува дека […]

Бајден разговараше со Нетанјаху за ситуацијата во Израел и Газа


Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Израел и Газа, соопшти Белата куќа. Израелскиот премиер Нетанјаху изразил благодарност за американската позиција во Советот за безбедност на ОН, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, веројатно мислејќи на дискусиите на Советот за војната во Газа. Според соопштението, Нетанјаху […]

Буџетот за одбрана на САД за 2024 година изнесува рекордни 886 милијарди долари


Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за одбранбениот буџет на САД за следната година во износ од 886 милијарди долари, откако беше усвоен од двата дома на Конгресот минатата недела, соопшти Белата куќа. Буџетот за одбрана на САД за 2024 година е рекорд во историјата на земјата, кој вклучува и 800 милиони долари воена […]

Кампањата на Бајден го спореди Трамп со Хитлер


Во еден од најагресивните напади врз конкурентонт Доналд Трамп, кампањата на Џо Бајден во твит објавен синоќа ја спореди реториката на експретседателот со онаа на нацистичкиот лидер. Се работи за три цитати од говорите на Трамп што многумина во САД ги потсети на некои зборови кажани од Хитлер. Во твит на кампањата на Бајден на […]

Бајден „не е сигурен“ дали би се кандидирал за реизбор доколку Трамп не се кандидира


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека можеби би се откажал од својата кандидатура за реизбор доколку не се соочи со Доналд Трамп, додавајќи дека републиканецот претставува единствена закана за земјата. – Да не се кандидираше Трамп, не сум сигурен дека ќе се кандидирав, рече Бајден на собирот за собирање средства за неговата кампања во 2024 […]

Бајден го насочи вниманието на „незамисливи злосторства“ на Хамас против жени


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека членовите на Хамас силувале жени и ги осакатувале нивните тела за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври, повикувајќи се на сведоштвата на преживеаните. На вечера за собирање средства во Бостон, Бајден го фокусира вниманието на извештаите за „незамислива суровост“ што се шират во последните неколку […]

Анкета на Ројтерс и Ипсос: Бајден со слаба поддршка од Американците, се навестува тесна изборна трка со Трамп


Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден е речиси на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат, што укажува на проблемите што го очекуваат на претседателските избори следната година, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Тридневната анкета, што заврши во неделата, покажува дека само 40 отсто од испитаниците го поддржуваат Бајден, што е малку повеќе […]

Бајден нема да присуствува на светскиот самит за климата во Дубаи


Американскиот претседател Џо Бајден нема да учествува на глобалниот климатски самит на ОН COP28 во Дубаи оваа недела, изјави денеска американски претставник. Агенцијата минатиот месец објави дека Бајден најверојатно нема да присуствува на самитот COP28, кој започнува во четврток, бидејќи е принуден да ја балансира својата посветеност на војната на Блискиот Исток и кампањата за […]

Бајден објави дека Хамас ослободил американско четиригоришно девојче


Четиригодишното американско девојче е безбедно во Израел откако беше ослободено во неделата од заробеништво во Газа, рече американскиот претседател Џо Бајден, барајќи да се продолжи паузата во борбите Израел-Хамас за да се овозможи повеќе ослободување заложници. „Таа е слободна и сега е во Израел“, рече Бајден. „Таа помина низ страшна траума“, рече Бајден за Абигејл, […]

Бајден: Договорот ќе ги олесни страдањата на невините Палестинци


Американскиот претседател Џозеф Бајден го поздрави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „што обезбеди поголема хуманитарна помош да стигне до Газа како дел од договорот“. Бајден вели дека тоа „ќе ги олесни страдањата на невините палестински семејства во Газа“. Како што пренесе Би-Би-Си, договорот меѓу Израел и Хамас вклучува дозволување на уште стотици камиони со медицинска помош […]

Волстрит журнал: Кандидатурата на Бајден за негов реизбор е „чин на длабока себичност“


 Во пресрет на 81. роденден на претседателот Џо Бајден критичарите се повикуваат на резултати од најнова национална анкета во која мнозинство од Американците сметаат дека тој е престар за нов претседателски мандат и бараат неговиот кабинет да си даде оставка.  – Кога тој лани наполни 80 години Белата куќа организираше свадба за да го одвлече […]

Бајден го нарече Си „диктатор“


Американскиот претседател Џо Бајден го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“ непосредно по нивната вчерашна средба во близина на Сан Франциско и само неколку дена откако тој наведе дека би сакал да ги подобри каналите за комуникација преку директна телефонска линија меѓу двајцата. – Тој е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е […]

Бајден: Вашингтон не се обидува да се дистанцира од Кина, туку напротив, да ги подобри односите


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека САД не сакаат да се дистанцираат од Кина, туку напротив, сакаат да ги подобрат односите. Бајден го изјави ова пред утрешната средба со неговиот кинески колега Си Џинпинг во Сан Франциско. – Не се обидуваме да се дистанцираме од Кина. Она што се обидуваме да го направиме е […]

Бајден бил предупреден дека Арапите се „бесни“ поради американската поддршка за Израел


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доби остри предупредувања од американските дипломати во арапските земји дека силната американска поддршка за воената кампања на Израел во Газа доведува до зголемен гнев кај арапската јавност кон Вашингтон, објави Си-Ен-Ен.  Американските дипломати изразија длабока загриженост поради зголемениот гнев кон САД, откако Вашингтон „го поддржа правото на Израел да […]

Бајден побара од Нетанјаху привремен прекин на операциите во Газа


Американскиот претседател Џо Бајден побара од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху привремена пауза во воените операции на Израел во Појасот Газа, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа кажа дека американскиот претседател и израелскиот премиер во понеделникот разговарале за „тактички паузи“ во израелската офанзива врз Газа поради хуманитарни причини и можното ослободување на заложниците. Би-Би-Си наведува […]

Една година пред изборите, Трамп води пред Бајден во пет важни држави


  Една година пред претседателските избори во САД, анкета на „Њујорк тајмс“ објавена денеска покажува дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е пред актуелниот претседател Џо Бајден во пет од шест клучни држави, бидејќи демократот ја губи поддршката меѓу младите луѓе и малцинствата. Според анкетата на „Њујорк тајмс“/Колеџ Сиена, републиканскиот милијардер Доналд Трамп води на […]

Четири изненадувања кои би можеле да ги нарушат изборите во САД во 2024 година


Една година pred изборите во САД, сите индикации се дека тие ќе бидат прегласување на 2020 година, но со обратни улоги – Доналд Трамп ќе се соочи со претседателот Џо Бајден. Постои широко распространето чувство на фрустрација што гласачите имаат ист избор и се чини дека сè е поставено во позната шема. Дури и анкетите […]

Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа


Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор претходно денеска дека протокот на хуманитарна помош во Газа треба „веднаш и значително да се зголеми“, соопшти Белата куќа, пренесуваат израелските медиуми. Израел за време на викендот повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода […]