Зелените победија на регионалните избори во Баден-Виртемберг
Германската партија Зелени победи на регионалните избори во југозападната покраина Баден-Виртемберг, пред конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето, јави ДПА. Зелените освоија 30,2 проценти од гласовите и имаат мала предност пред ЦДУ, која доби 29,7 проценти, според податоците објавени на веб-страницата на покраинската статистичка служба по пребројувањето на […]