ААМ: Политичарите не треба да судат за безбедноста на проектот за Универзалната сала


Асоцијацијата на архитекти на Македонија реагира на обвинувањата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, дека проектот за реконструкција на Универзалната сала е небезбеден и велат дека тоа не моеж да го процени политичар, туку само стручно лице со ист или повисок ранг.  Нивната реакција, во продолжение во целост ја пренесуваме:  – Деновиве сме сведоци на […]

Арсовска ја викна министерката за култура на средба за Универзална сала


Градот Скопје упати покана до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе ѝ се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала. Откако вчера градоначалничката на Скопје рече дека Универазлната сала се реконструира побавно, затоа што проектот бил […]

„Мегарон инженеринг“ и СДСМ: Проектот за Универзална сала е стручен и целосно безбеден


Градоначалничката Данела Арсовска, откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, вчера ги излажа граѓаните, дека проектот е небезбеден, тврдат од владејачката СДСМ, но и од фирмата која го изработи проектот. – Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. […]

Арсовска: Реконструкцијата на Универзална оди бавно, оти проектот не бил безбеден


Универзалната сала во Скопје се реконструира, но со намалена динамика, затоа што се откриени  проблеми во проектот, кои може да предизвикаат загрозување на безбедноста на граѓаните, тврди градоначалничката Данела Арсовска. – Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на […]

Арсовска не знае, ниту ја интересира каков договор бил потпишан за подземни гаражи низ Чаир, таа ќе гради монтажни


  Изградбата на монтажни катни паркиралишта во Чаир е дел од програмата на скопската градоначалничка Данела Арсовска, која не знае и не ја интересира што ветувале или правеле нејзините претходници.  Имено, денеска на прес-конференција во „Дрисла“ градоначалничката беше прашана дали овие монтажни паркинзи се истите оние за кои беше потпишан договор меѓу поранешниот градоначалник на […]

Планини ѓубре посакуваат добредојде во Гази Баба, ги гледа ли Арсовска?


Фотографии од диви депонии на влезот во Општина Гази Баба споделија денеска од владејачката СДСМ, поради што тврдат дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја лаже јавнодат дека исчистиле 150 депонии за 82 дена. – Градоначалничката на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска не ја зборува вистината кога тврди дека исчистила 150 депонии во првите 82 […]

Арсовска ги исчисти депониите во Скопје, таа во Шуто Оризари не ја виде


Во 82 дена, од почетокот на мандатот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, исчистени се над 150 диви депонии, од кои 120 се детектирани депонии за време на кампањата, но и диви депонии за кои пристигнале пријави од граѓани, рече таа на денешната презентација на сработеното за првите 82 дена, но за депонијата во Шуто […]

Политички хорор на минус десет степени


Општествено одговорна компанија. Така се нарече себеси БЕГ, снабдувачот на скопјани со централно греење, кога нѐ извести вчера дека има гас само за еден ден и дека баш кога ќе се избира новата влада, ќе ги исклучат радијаторите. За разлика од Ненадлежна Арсовска, која мисли дека треба да биде само набљудувач на кризите и цел […]

Загадувањето произлегува од повеќе сегменти и треба да се преземаат поголеми мерки


И покрај тоа што овој декември се регистрирани најдобри вредности во однос на загадувањето, сепак мора да се преземат поголеми чекори за во иднина да се спречи истото. Загадувањето произлегува од повеќе сегменти, па така треба да се работи на промената на начинот на греење на домаќинствата, начинот на превоз на граѓаните, уништување на дивите […]

Општините не можат да го поднесат притисокот од поскапувањето на струјата


Претседателството на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе иницира измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со цел да се подобри финансискиот и фискалниот капацитет, да се зголемат приходите на општините, а ќе побара и итен состанок со Владата за да се изнајде брзо и квалитетно решение за растот на […]

Арсовска: РЕК не даде лиценца на Градскиот енергетски систем, па три компании ги носат одлуките за парното


Градскиот енергетски систем не доби лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, па  три компании во овој момент кои што самостојно, автономно ги носат своите деловни одлуки и тие се оние кои одлучуваат за испораката на топлинска енергија до граѓаните на Скопје, рече градоначалничката Данела Арсовска, во вечерашното гостување на Телма, по жалбите од граѓаните дека […]

СДСМ: Перо Камиказа призна дека зел 14.000 евра за новогодишното озвучување


  Новогодишната ноќ скопјани ја дочекаа на плоштад со настап на македонски групи и пејачи, но откако беше откажана организацијата и украсувањето од страна на градот, владејачката партија СДСМ обвини дека противкаднидатот за локалните избори Петар Георгиевски – Камиказа, преку својата фирма, наплатил 14.000 евра за озвучувањето. „Коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на Арсовска, Петар […]

Градоначалничката Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди по природен пат, на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. За родилката Сузана Стошиќ, Михаил е четврто дете.  Арсовска ја посети и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, само една […]

Арсовска бара помош од централната власт за загадувањето во Скопје


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух. Таа потенцираше дека сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински […]

Арсовска ќе го доградува мостот во Аеродром


Мостот на крајот од булеварот „АСНОМ“ во Аеродром, сепак ќе се догради, брифираше денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако првично велеше дека не е возможно да се заврши. Арсовска ќе ги продолжи и другите проекти почнати од претходниот градоначалник, Петре Шилегов, како проширувањето на булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија кон Драчево, клучката кај Момин […]

НаТочак и Зелен хуман град со предлози до Арсовска за градскиот буџет за 2022 година


Иницијативата НаТочак испрати писмо до скопската градоначалничка Данела Арсовска, градските советници и стручните служби во Град Скопје, со кои се потсетуваат на 11 предлози кои тие сметаат дека треба да бидат опфатени во градскиот буџет за 2022 година. НаТочак од Буџетот на Град Скопје за 2022 година бара 70 милиони денари за реконструкција на пешачката […]

Арсовска прва жена која ќе раководи со сите 81 општина во ЗЕЛС


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на конститутивната седница едногласно е избрана за нов претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), којашто ги обединува сите 81 општина во државата. Арсовска потенцираше дека главна цел во нејзиниот четиригодишен мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност […]

Скопје доби „мајка“, но стана сираче


Данела Арсовска е првата жена градоначалник на Град Скопје по прилепчанката Вера Ацева, која го предводела градот во 1948 година. Скопје, по многу татковци, конечно доби мајка, која вети дека во првите 82 дена од мандатот, преку програмата за модерно Скопје, ќе спроведе 15+1 проекти. Педесетина дена по локалните избори, Арсовска, која како независен кандидат, […]

Данела Арсовска се жали дека Стевчо Јакимовски ѝ врши притисок


Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, се пожали дека подолго време не може да стапи во контакт со градоначалничката на Скопје, која беше избрана со поддршка на неговиот поголем коалициски партнер-ВМРО-ДПМНЕ.   „Имам потреба вака јавно да се обратам. Веќе 45 дена го молам Градот Скопје да назначи комисија за урбанизам, бидејќи старата комисија е суспендирана, […]

Арсовска: Мостот во Аеродром ќе служи за ловење риба


Мостот во Аеродром во Скопје на крајот од булеварот „АСНОМ“ што требаше да поврзува три општини Аеродром, Гази Баба и Центар ќе служи за ловење риба. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека за да се заврши мостот во Аеродром ќе бидат потребни десет години. „Има 11 спорови. 25 предмети се во подготовка, а има и 44 […]