Арсовска бара превозници за линиите „9“, „11“ и „12“


Додека приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ чекаат средба со премиерот Димитар Ковачевски, откако две недели протестираа барајќи ги парите што ЈСП им ги должи, денеска градоначалничката Данела Арсовска објави нов оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во Град Скопје. Овој пат огласот се однесува за […]

Се огласи Арсовска: Јавен повик утре, но само за линиите 20 и 22, и редица прашања за Мицкоски


  По повеќедневни блокади на сообраќајниците во Скопје од страна на приватните превозници, кои си ги бараат парите, а кои наводно им ги должи Градот, денеска се огласија од Град Скопје и тоа со информација дека оспособиле дополнителни 140 автобуси за ЈСП и дека утре ќе објават јавен повик за превозници за линиите 20 и […]

Арсовска: Не се преговара со луѓе што уценуваат


 Не се преговара со луѓе што уценуваат и навредуваат и кои тоа го прават зашто вистината не е на нивна страна. Нема да се подлегне на закани и уцени, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за тоа дали ќе има договор со приватните превозници кои дадоа рок до петок или повторно ќе го блокираат сообраќајот […]

Арсовска советува приватните превозници на суд да докажуваат дали ЈСП им должи


Градоначалничката Данела Арсовска им порача на приватните превозници, кои цел ден го блокираат градот кај Судска палата, да си поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи пари. Наместо да одговори на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи на се […]

Според Арсовска, приватните превозници за пет години не пријавиле дека продале барем еден билет


  Град Скопје изготви нов јавен повик на кој секој од сегашните поединечни превозници, сопственик на приватен автобус ќе може индивидуално да аплицира, да добие линија на која ќе сообраќа и да работи чесно за обезбедување соодветен јавен превоз, соопшти денеска градоначалничката Данела Арсовска. Таа истакна дека јавноста мора да ги знае вистинските причини за […]

Приватните превозници чекаат средба со Арсовска


Приватните превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” денеска се собраа пред Градот Скопје и побараа средба со градоначалничката на Градот, Данела Арсовска. Целта е како што велат, да го искажат незадоволството од состојбата во која се наоѓаат сега. -Јас сум прв меѓу еднаквите. Дојдовме денеска да побараме средба со градоначалничката, со цел да ја информираме […]

Славески: Арсовска сакала да ги оневозможи советниците да го донесат буџетот во законскиот рок


Градоначалничката Данела Арсовска не само што не сакала да се донесе ребаланс за тековната година, туку се впуштила во авантура да ги оневозможи советниците да го донесат предлог-буџетот за 2023 година во законскиот рок, обвини во писмена изјава претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Писмената изјава на Претседателот на Совет во Град Скопје, […]

Министерството за култура ќе ја доградува Универзална сала


  Министерството за култура ќе ја доградува Универзална сала, а Министерството за локална самоуправа ќе соработува со Градот Скопје за реализација на капиталните објекти во метрополата. Ова е резултатот од денешната средба која ја имаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Средбата […]

Арсовска бара оставка од Славески


Градоначалничката на Град Скопје Далена Арсовска, денеска побара неотповиклива оставка на претседателот на Советот Трајко Славески, а воедно поднесе и итна претставка до Министерството за локална самоуправа и Инспекторатот за локалната самоуправа. „Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и […]

Пак циркус во Град Скопје, Трајко Славески бара помош да го врати копчето


  Пред да почне денешната седница за советнички прашања во Градот Скопје, претседателот на Советот, Трајко Славески (ВМРО-ДПМНЕ) побара помош од инспекторатот за локална самоуправа да му го врати копчето со кое раководи со дискусиите. Тој изјави дека само претседателот на Советот или советниците имале право да менуваат нешто во опремата во салата, а не […]

Деспот, тиранин, Хитлер – така го нарече Арсовска Славески


  По паузата од 15 минути во Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска излезе на говорница да одговара на советничките прашања, но претседателот на Советот, Трајко Славески ја повика да седне до него за да може да се слушнат одговорите. Но, момче од службите на Арсовска ѝ донесе преносни слушалки и микрофон, по што […]

Мандатот на Арсовска низ фотографии: Главните проекти стојат како пред една година


  Една година од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, која во својата кампања најавуваше дека главниот град ќе го претвори во „модерно Скопје“, прошетавме низ улиците да провериме до каде е реализацијата на замислата. На некои проекти се работи, повеќето стојат во место, а некои не се ни почнати. Ако тргнете од Општина Аеродром, се […]

Дива депонија во Скопје претворена во прв мега-парк


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска порача дека веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров. -Започнавме со засадување на првите украсни садници, а веќе е завршена изведбата на шеталиштата во првиот дел од паркот и насадени зелените површини. Следува поставување на дополнителните содржини и поставување […]

Арсовска: Департизацијата не смее да го прекине водоснабдувањето на Скопје


Десетина дена жителите на Скопје се заплашуваат дека Градот ќе остане без водоснабдување со вода за пиење, мерка која е речиси невозможно да се оствари, а граѓаните ги штити Законот за снабдување со вода. Имено, според тој Закон „Давателот на услугата е должен на корисниците на услугата да им обезбеди трајно и непрекинато снабдување со […]

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Данела Арсовска


Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како ги коментира случувањата во градот Скопје околу Советот и состојбата со претпријатијата посочи дека целата ситуација наликува на театар, а работниците трпат. Митева укажа дека за сѐ што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка. -Додека СДСМ, директорот на […]

Арсовска се заканува со автобуси на ЈСП пред Влада и пред институции


Јавниот превоз во Скопје е под неколкудневни закани. Најпрво синдикатот излезе со предупредување дека доколку не им се исплати септемвриската плата, нема да возат по скопските улици. Но, откако од градот најавија дека деновиве ќе биде исплатена платата, штрајкот беше откажан.  Сепак, денеска најпрво генералниот секретар на Градот, Зоран Глигоров, со поддршка од новиот директор […]

Градоначалничката Арсовска ќе потроши милион денари за да си го мери рејтингот?


Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за спроведување анкета на јавното мислење. Поточно, се работи за сума од 987.000 денари, а според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, на 10 октомври, Град Скопје, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје, вреден 987.000 денари за спроведување на седум […]

Арсовска го нарече преседателот на Советот на градот Талат Славевски


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на седница на Советот на Град Скопје, повторно го повикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а претседателот на Советот Трајко Славевски ѝ го исклучи микрофонот. „Бега шпицниот градоначалник од дебата, се крие Христијан Мицкоски, извинете морам да ви кажам, бега, пет дебати имаше можност но бега човекот, се […]

Јавните претпријатија во Скопје денеска добиваат нови директори


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изјави дека денеска во текот на денот ќе ги објави имињата на новите директори на јавните претпријатија. „Постапката е завршена, комплементарно ќе бидете информирани. Кога ќе бидат објавени имињата. Многу брзо… во тек на денот“, изјави Арсовска. Голем дел од институциите под Град Скопје се без директор, бидејќи директорите […]