Кој ќе биде нов вицегувернер на НБМ на местото на Фадил Бајрами кој на функцијата е од 2005 година


Вицегувернерот на Народната банка на Македонија со најдолг стаж, Фадил Бајрами, наскоро ќе добие наследник на престижната функција. До Собранието е испратен предлог од страна на гувернерот Трајко Славески, тоа да биде Арлинда Хасани Синани, искусна банкарка од Тетово, која е вработена во Стопанска Банка АД – Скопје, на позицијата регионален директор за Северозападниот регион. […]