Бајден ја укина уредбата за задолжителна анти-ковид вакцина за странски посетители
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја укина регулативата за задолжителна вакцинација против коронавирусот за странски посетители. Во исто време истече и регулативата која бараше задолжително да бидат вакцинирани и федералните службеници и изведувачите на работи. Одлуките на Бајден ќе стапат во сила на 12 мај, по завршувањето на вонредната состојба воведена поради пандемијата на коронавирусот.