ДЗР: Буџетот покус за 23 милиони евра, вратени само 29 отсто од субвенциите за придонеси и плати со ковид мерките


Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност на тема „Преземени мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Ковид 19“, во кој се истакнува дека како резултат на утврдената состојба се предизвикани намалени приходи во […]

ДЗР: За шесте пакети економски мерки во ковид – кризата Владата планирала 576, а реализирала 427 милиони евра


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Економски мерки на Владата на РСМ за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19“, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2021 година. Од ДЗР посочуваат дека целта на извршената ревизија e да се даде одговор на прашањето „Дали е обезбеден ефикасен систем на […]

Актуелните мерки за патување во Грција продолжени за уште една седмица


Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно задолжителниот европски сертификати за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, се продолжени за уште една седмица, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата […]

Влада: Основците без маски во училиштата, театрите, кината… со исполнетост до 75 отсто


Владата на денешната 34-та седница донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид-19 за олеснување на дел од мерките што важеа за учениците во основните училишта. Одлуката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог […]

Пред или по Велигден можно олабавување на мерките во Грција


Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, ја остави отворена можноста, од 18 април или од мај, привремено да се укине сертификатот за влез во одредени простори во Грција, пред сè во надворешните делови, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис бјасни дека конкретното прашање ќе го разгледа надлежната […]

Кризниот штаб го усвои предлогот да се укинат маските во основните училишта


Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) на денешната седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе можат да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна […]

Продолжува караванот за вакцинација против КОВИД-19, од наредната недела се очекува олеснување на дел од мерките


Продолжува караванот за вакцинација против КОВИД-19, од наредната недела се очекува олеснување на дел од мерките Скопје, 25 март 2022 (МИА) – Продолжуваат активностите околу караванот за промоција на вакцината против коронавирусот. Вчера караванот беше организиран на Градскиот плоштад во Струмица, а денеска продолжува во Општина Ново Село. Овој караван се спроведува со цел да […]

Сали: Се уште не сме подготвени за укинување на ковид-мерките


Се уште не сме подготвени за целосно укинување на мерките кои се воведоа како резултат на пандемијата со Ковид-19. Првиот човекот на здравството во државата, министерот Беким Сали, денеска изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи сметаат дека уште не e време за целосно укинување на […]

Косово ги олесни анти-ковид мерките, укинат полицискиот час


Косово – Владата на Косово донесе одлука за промена на мерките против ширењето на епидемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, од денеска се укинуваат полицискиот час и ограничувањата за работа на угостителските објекти, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, од 7 март се укинува и забраната за организирање […]

На 20 март можно е да се укинат ковид ограничувањата во Бугарија


Бугарија влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела Бугарија ќе биде во зелената зона, изјави премиерот Кирил Петков. Според Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане […]

Грција: Од денеска дозволено е стоење во кафулињата, се укинуваат и други рестриктивни мерки


Грција од денеска постепено ги олабавува мерките од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година, па така, дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање […]

Германскиот канцелар најави олабавување на епидемиолошките мерки


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во своето прво обраќање пред Горниот дом на германскиот Парламент, Бундесрат, ја најави можноста веќе од следната недела да дојде до олеснување на мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот. -Здравствените прогнози ни покажуваат дека врвот на бранот е на повидок. Ова ни овозможува на состанокот на федералните и провинциските власти […]

Финска порано од планираното ќе почне со олабавување на рестрикциите воведени поради Ковид


Финска ќе почне постепено да ги ублажува ограничувањата наметнати поради Ковид-19 веќе на 1 февруари наместо во средината на февруари, како што беше првично планирано, во услови на забележано растоварување на болничкиот систем, соопшти синоќа Владата. На 18 јануари, премиерот Сана Марин објави дека Финска ќе почне со олабавување на мерките од средината на следниот […]

Бројот на активни ковид-случаи се искачи на 14.545, засега нема дополнителни мерки


Во земјава вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 14.545. Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се […]