Трајко Славески ја презеде функцијата гувернер на Народната банка од Анита Ангеловска-Бежоска


Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на Анита Ангеловска-Бежоска и започна мандатот на новоизбраниот гувернер, Трајко Славески. Во своето обраќање, Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни […]

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка ги забрзува растот и конвергенцијата на Западен Балкан


„За одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан е потребна заедничка соработка, а не изолација“. Ова беше главната порака на гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на Балканскиот самит на поранешни студенти на тема „Градење посилни партнерства за економски раст“, организиран од Македонско-американската алумни асоцијација, на кој присуствуваа и […]

Средба Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните  


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова и нејзиниот тим. На средбата беше дискутирано за новиот Единствен регистар на сметки кој се очекува да биде воспоставен согласно одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи. Овој регистар ќе содржи податоци […]

Владата ќе ја почитува независноста на Народната банка: Средба на Димитриеска-Кочоска и Ангеловска-Бежоска


  Меѓусебна соработка и координиран пристап во спроведување на фискалната и монетарната политика е клучот за обезбедување макроекономска и финансиска стабилност, констатирале министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната средба. Димитриеска-Кочоска, како што соопшти Министерството за финансии, потенцирала дека Министерството за финансии ќе води фискална политика насочена кон […]

Граѓаните ќе може да плаќаат во евра кон земји во ЕУ и надвор од ЕУ, НБ се подготвува за пристапување кон СЕПА


 Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews). Како што соопштија од кабинетот на гувернерката, таа посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на […]

Ангеловска-Бежоска: Зголемувањето на учеството на жените во работната сила може да придонесе за повисок економскиот раст


Зголемувањето на учеството на жените во работната сила ќе овозможи повисок економски раст, кој целосно ќе ги надомести загубите предизвикани од пандемијата. ММФ проценува дека кај брзорастечките и економиите во развој, БДП може да се зголеми за околу 8 отсто во наредниот период од пет години, доколку се зголеми стапката на учество на жените во […]

Народна банка излезе со најновите прогнози, годинава раст на БДП од 2,1 отсто, инфлацијата од 8 до 9 отсто


Народната банка за оваа година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација во интеврал од 8 до 9 отсто.  По усвојувањето на најновиот квартален Извештај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави макроекономските проекции на прес-конференција. „Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува […]

Ангеловска-Бежоска: Затегнување на монетарната политика за стабилизирање на инфлациските очекувања


Затегнувањето на монетарната политика, коешто е глобален феномен, е неопходно заради намалувањето на инфлациските очекувања и за стабилизирање на инфлацијата како предуслов за одржлив раст. Се соочуваме со најсинхронизираниот циклус на затегнување на монетарната политика од страна на централните банки во изминатите 50 години, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. -Зголемувањето на основните каматни […]

Ангеловска-Бежоска: Забрзан економски раст со здрав банкарски сектор што поддржува зелена и дигитална трансформација


   Здравиот и развиен финансиски сектор е значаен за поттикнување на економскиот раст. Финансискиот систем што е доволно голем, диверзифициран, добро регулиран и сфатен може да придонесе за подобар животен стандард и унапредување на социјалната инклузија, намалувајќи ја со тоа сиромаштијата, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Сиромаштијата, економскиот раст и финансискиот […]

Соработка на швајцарски СЕЦО со НБ и МФ за макроекономското планирање и управување


Министерството за финансии и Народна банка потпишаа меморандуми за разбирање со Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕЦО) со кои се воспоставува соработка во полето на макроекономското планирање и управување.  Како што соопштија НБ и МФ, станува збор за зајакнување на капацитетите и унапредувањето на алатките за макроекономска анализа и проектирање преку соработка и […]

Ангеловска-Бежоска: Најновите шокови можат да го зголемат јазот во економскиот просперитет


  Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го водеше еден од трите панели на Конференцијата на централната банка на Полска, а останатите два панели ги водеа Гувернерот на Централна банка на Австрија и Гувернерот на Централната банка на Литванија. Конференцијата беше посветена на процесот на конвергенција во регионот на Централна и Југоисточна Европа. „Без сомнение во последните три […]

Средби со ММФ: Монетарната политика на Народната банка е соодветен одговор на предизвиците со кои се соочува домашната економија


  Народната банка досега соодветно одговора на тековните предизвици, кои се последица на глобалната криза, преземајќи мерки во насока на постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова е од особено значење во услови кога глобалната економија се соочува со повеќе големи предизвици – највисоката инфлација во изминатите неколку децении, руската инвазија […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Милер: Мерките на Народната банка се наменети за задржување на макроекономската стабилност


  И покрај предизвиците коишто ги донесе војната во Украина за глобалната и домашната економија, макроекономската и финансиската стабилност во земјава се задржаа. Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на САД во земјава, Рајан Милер. На средбата стана збор за тековните […]

Ангеловска-Бежоска: Со подигнување на капацитетот на институциите во регионот, до раст на продуктивноста и економскиот потенцијал


Емпириските истражувања покажале дека кај земјите со помал доход, јакнењето на институциите има значаен позитивен придонес за поефикасно спроведување на структурните реформи, раст на продуктивноста и за повисок економски раст, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Годишната конференција организирана од Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), Љубљана, на тема „Силните институции […]

Ангеловска-Бежоска на „Еуромани“: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста


Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова го […]

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава


Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју […]

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем обезбедува солидна поддршка во целиот пандемичен период


Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Така, кредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со […]

Ангеловска-Бежоска – Павлова: Структурните реформи мора да продолжат и покрај предизвиците


Справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи. Напротив, напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати, порачаа гувернерката на Народната банка (НБ), Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова на заедничката прес-конференција одржана по повод почетокот на 8. […]

Ангеловска-Бежоска: Приоритет на монетарната политика и натаму е одржувањето на стабилноста


Во центарот на вниманието на монетарната политика мора да е одржувањето на ценовната стабилност, а со тоа и на вкупната макроекономска стабилност, коишто се најдобриот придонес што таа може да го даде за економијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата „Задржување на домашниот раст сред постпандемично врамнотежување, ценовни притисоци […]

Професионалци од НБ ќе бидат гости предавачи на студентите на УЈИЕ


Со формализирањето на соработката помеѓу Народната банка (НБ) и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ), како една од високообразовните институции во земјава, ќе се постигне синергија во унапредувањето на истражувачката дејност и градењето млади, квалитетни кадри во областа на макроекономијата и финансиите. За таа цел, денеска беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу двете институции од страна […]