Крстевска: Преку поддршка на зелените кредити и одговорното инвестирање на девизните резерви даваме придонес за зелените финансии


Поддршката за зголемување на потенцијалот за зелено финансирање е клучна во справувањето со климатските промени и одржувањето на финансиската и економската стабилност. Народната банка, преку спроведување повеќе активности, вклучително и монетарни мерки, придонесува за поттикнување на зеленото финансирање. За одбележување е постојаниот раст на уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од ниво од околу […]

Се зголемува понудата на инвестициски алтернативи, но и на нови видови кредити


Депозитите се основен извор на финансирање на банките и следствено банките имаат разновидна понуда на депозитни производи којашто ги има предвид различните потреби на клиентите. Во финансискиот систем во земјава постепено се зголемува и понудата на нови инвестициски алтернативи. „Да имаме предвид дека финансискиот систем се развива, постепено се збогатува и се отвораат нови инвестициски […]

Поттикнување на штедењето придонесува за стабилизација на инфлацијата, вели главната економистка на НБ


Централните банки ширум светот се во фаза на водење затегната монетарна политика, за справување со притисоците врз инфлацијата и инфлациските очекувања. Намалената или одложена потрошувачка во периоди на зголемени каматни стапки, при истовремено поттикнување на штедењето, придонесува за враќање на ценовната стабилност на долг рок, што е од клучно значење за животниот стандард на населението. […]

Анета Крстевска: Родовата финансиска инклузија помага да се мобилизира расположливиот развоен потенцијал на економијата


Првата национална стратегија за финансиска едукација и инклузија 2021 ‒ 2025, донесена од Народната банка заедно со другите финансиски регулатори, ги открива јазовите во финансиската едукација и инклузија од различни аспекти, а меѓу нив и родовиот јаз. Воедно предвидува и мерки за справување со нив, истакна главната економистка на Народната банка, Анета Крстевска, на панел-дискусија […]

Разликата меѓу нашата и инфлацијата во ЕУ е одраз на домашни структурни фактори, вели главниот економист на НБ


Главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска смета дека разликата меѓу инфлацијата во нашата земја и онаа во земјите на ЕУ е одраз на домашни структурни фактори. „Глобален шок ги погодува сите економии, но домашните структурни фактори во секоја од економиите диктираат за интензитетот на инфлацијата“, потенцира таа. Крстевска посочува дека увозната зависност и степенот […]