Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една новина, а тоа е првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. „Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн […]

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат


Ова фрла дамка на институцијата и се надевам дека останатите членови на ДКСК, кои не се никако засегнати од овој случај, ќе успеат да излезат од таквата ситуација, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски коментирајќи ги случувањата во Антикорупциската комисија откако Обвинителството завчера ја осомничи претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, за  оддавање службени […]

Битолчани ќе добијат бесплатни WiFi зони


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина Битола, каде што оствари средба со градоначалничкот Тони Коњановски, но и ги посети канцелариите на Центарот за услуги (ЕТУ) во Битола. Главна тема на посетата беше унапредувањето на процесот на дигитализација на општинските услуги и интегрирањето на локалните институции преку националната платформа за […]

(Во живо) Прес-конференција на заменикот-министер за здравство Андоновски


Министерството за здравство информира дека според информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне на повредите им подлегна Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Проследете ја прес-конференцијата на министерството за здравство:

Андоновски на средба со претставници од стопанските комори и приватниот сектор


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска во Владата се сретнал со претставници од стопанските комори и приватниот сектор, во соработка со организацијата „Македонија 2025”. Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, на средбата пред присутните Андоновски ги нагласил заложбите на Владата за дигитализација на административните услуги кои се однесуваат пред се на бизнисот, […]

Објавен е првиот пакет на претстојни повици од програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година


 Од 3 април до 14 мај е отворен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“ на Европската комисија за 2025 година кој се однесува на дигиталните иновациски хабови. Министерството за дигитална трансформација денеска го распиша Повикот за дигиталните иновациски хабови од земјава кои се заинтересирани да станат дел од мрежата Европски […]

Андоновски: Хибридни напади ќе има, важно е како институциите одговараат


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека се хрибридни закани пораките по електронски пат што во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои се утврди дека се лажни дојави по проверките од полицијата. -Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката (за образование), организиравме со […]

Андоновски го отвори првиот Европски дигитален иновациски хаб во земјата


Денеска, во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИННОФЕИТ, беше свечено отворен ИННОФЕИТ ЕДИХ, првиот Европски дигитален иновациски хаб во Република Македонија. На настанот во коорганизација на ЕДИХ и Министерството за дигитална трансформација, присуствуваа министерката за образование и наука Весна Јаневска, високи претставници од Владата, академијата и бизнис секторот. Министерот за […]

Изјави на Јаневска и Андоновски на ФЕИТ (во живо)


Изјави на министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на отворањето на ЕДИХ – првиот европски дигитален иновациски хаб во Северна Македонија во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (УКИМ).  

Во случај на закани со бомби преку мејл, ќе се знае како да се постапува


Неколку месеци, училиштата во Скопје и неколку други градови низ државата беа евакуирани поради редовни закани за поставени бомби кои стигнуваа по меил. Подоцна заканите се појавија и за други институции. Овие закани се случуваа од октомври 2022 до пролетта 2023 година, а завршија откако МВР наводно презеде поинакви мерки. Никогаш не кажаа како престанаа […]

Државата ќе се справува со опасните предизвици на ТикТок преку упатство за наставниците и родителите


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека подготвено е упатство поврзано со предизвиците на социјалната мрежа ТикТок. Тоа упатство е споделено со педагошката служба во МОН. Андоновски истакна дека ќе биде наменето за сите наставници во сите училишта, да поразговараат со децата и учениците за предизвикот со социјалните мрежи. -Ова се алатки со неограничени […]

Ќе се носи закон за пристапност на лицата со попреченост до државните веб-страници и апликации


 Создаваме правна рамка што ќе им овозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен вид, како и на повозрасните граѓани целосно и рамноправно учество во дигиталното општество, истакнал министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на денешната јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор.  Андоновски, како […]

Андоновски: Со валидноста на печатената форма на документот изваден по електронски пат, граѓаните нема да плаќаат двапати


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека со законските измени со кои отсега печатената верзија на документот изваден по електронски пат преку порталот uslugi.gov.mk станува валидна, граѓаните нема да плаќаат двапати како досега кога поради неважење на печатената верзија беа принудени повторно да го вадат истиот документ на шалтерите и за истиот да плаќаат.  […]

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, присуствуваше на првата средба на работна група за подготовка на првиот закон за безбедност на информациско-комуникациски системи или попознат како закон за сајбер безбедност. Министерот појасни дека се работи на овој закон и кон крајот на јануари 2025 би требало да влезе во владина процедура. „До јануари 2025 година […]

Андоновски: Околу 6.000 поднесени барања за дигитални услуги месецов, борбата против корупцијата останува во фокус


Министерот Андоновски во денешното гостување во утринската програма на јавниот сервис, нагласи дека новата апликација за дозвола за оружје која што на граѓаните им е достапна на националниот портал за услуги е резултат на борбата против корупцијата која е во фокус и добрата соработка со Министерството за внатрешни работи. „Преку новата апликација за оружје, целосно […]

Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа


  Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на седмиот Дигитален самит во Талин се обрати на сесијата Дигитални технологии и управување во Западен Балкан, која беше дел од панелот за Сајбер отпорност и партнeрство во земјите од Западен Балкан. Како што информира Министерството за дигитална трансфорамција, фокусот на панелот беше да се разменат […]

(Во живо) Тошковски и Андоновски за дигитална алатка за дозволи за оружје


Прес – конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.  Избркани се околу 15 високо-позиционирани лица во МВР, поради нерегуларности при издавање на дозволи за поседување оружје. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го […]

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност


Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на […]

(Во живо) Андоновски на регионалната конференција за е-трговија


 Седма регионална конференција за е-трговија под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, на која изјави за медиумите ќе дадат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, гермаската амбасадорка Петра Дрекслер, Мариа Канелопулу од Делегацијата на ЕУ и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков.