Трагично загина сопственикот на модниот бренд „Манго“
Основачот и сопственик на модниот бренд „Манго“, 71-годишниот Исак Андик загина на планинарење во Каталонија. Несреќата се случила денеска во близина на пештерите Салнитра во Колбато, недалеку од Барселона, додека тој бил придружуван од семејството. Според извештаите, тој се лизнал на пешачката патека и паднал во пропаст длабока околу 150 метри. Каталонската полиција добила дојава […]