Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики


„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците“, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24. состанок на Работната група […]

Новоизбраните вицегувернери на Народната банка дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Гаши


Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години по предлог на гувернерот Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат […]

Вицегувернерите на Народна банка Ана Митреска и Игор Величковски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието


Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски денеска ќе дадaт свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери со мандат од седум години, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат […]

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка


На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна […]

Вицегувернерката Митреска: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за финансиска стабилност


„Македонската економија покажува стабилност и отпорност, и покрај зголемената светска геополитичка неизвесност. Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата преку внимателно обмислени мерки што придонесоа за смирување на инфлацијата и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање на дванаесеттата конференција по ред […]

Инфлацијата ќе забавува и ќе се доближи до историскиот просек, вели вицегувернерката Ана Митреска


„Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво. Просечната инфлација во 2025 година досега се движи околу 4%, а врз основа на сите расположливи претпоставки и мерките преземени досега од Народната банка, очекуваме дека инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се […]

Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата, вели вицегувернерката Митреска


„Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година Народната банка очекува натамошно  забавување на просечната инфлација, сведувајќи се на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2 отсто“. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на […]

Митреска: Инвестирањето во човечките ресурси е клучно за градењето силни институции


Силните институции се предуслов за силни економии и правични општества. Највредниот ресурс на институциите е човечкиот капитал, оттаму инвестициите и стратегијата на постојан развој и унапредување на кадрите е суштинска за нивното јакнење. Забрзаниот развој на технологиите, климатските промени, геополитичката нестабилност и флуктуацијата на кадрите создаваат неизвесно окружување за јавните институции. Оттаму, тие треба да […]

Мерките против инфлацијата на Народна банка придонеле и за отпорноста на банкарскиот сектор


Вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска на 23. состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за монетарната политика во Централна и Источна Европа посочила дека мерките за справување со инфлацијата што ги презела Народната банка придонеле и за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. – Макропрудентните мерки во основа беа користени за да се […]

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање


„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во […]

Имаме висока усогласеност за интеграција во европската платна инфраструктура, вели вицегувернерката Митреска


Намалување на трошоците и подобрување на ефикасноста на плаќањата, олеснување на прекуграничната трговија и инвестициите, се само дел од многукратните придобивки од Единствената европска платежна област (СЕПА), беше оценето на панел-дискусијата посветена на интеграцијата на регионалните платни системи за олеснување на трговијата и подготовка на земјите од Западен Балкан за евентуална интеграција во еврозоната, во […]

Вицегувернерката Митреска: Нема одржлив и инклузивен економски раст без родова еднаквост


  „Не може да се зборува за одржлив и инклузивен раст без родова еднаквост. Концептот на еднакви можности и еднакви шанси е единствениот начин да се искористи целосниот економски потенцијал на една земја. Сепак, само половината од женското работоспособно население во светот се активни, за разлика од машкото население каде што активноста е околу 75%. […]

Вицегувернерката Митреска: Домашниот банкарски систем може да ја поддржи структурната трансформација на економијата


  „Изминативе три години банкарскиот систем покажа голема отпорност на кризи од невидени размери. Не само што ја задржа својата стабилност, туку истовремено обезбедува постојана финансиска поддршка за приватниот сектор, придонесувајќи за побрзо закрепнување на економијата.“ Ова го посочи вицегувернерката, Ана Митреска, која учествуваше на Скопскиот економски форум II, на панел-дискусијата „Стратегии за одржување на […]

Митреска: Неопходно е внимателно дизајнирање на домашните политики при се уште присутни ризици за инфлација


Амбиентот е исклучително променлив и од геополитички и од економски аспект и бара на дневна основа агилност и внимателно следење. Во вакви околности бара и многу внимателно дизајнирање на домашните политики особено при се уште присутни ризици за инфлација, оцени вицегувернерката Ана Митреска на панелот „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“ […]

Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвеститорскиот појадок“: Банкарскиот сектор е стабилен


  Банкарскиот сектор е стабилен, нефункционалните кредити се на ниско ниво и опаѓаат. Солвентноста, која е главен показател за способноста на банките да апсорбират шокови, останува и понатаму висока. Стрес-тестовите за 2022 и 2023 година ја потврдуваат севкупната отпорност на банкарскиот систем на макроекономски шокови. Сепак, потребна е претпазливост и будно следење на состојбите, рече […]

Митреска: Централните банки забрзано работат на истражувања за воведување дигитални валути


Во глобални рамки, централните банки забрзано работат на истражување за воведување сопствени дигитални валути. Во следниот период, централните банки веројатно ќе му се посветат на развојот на целокупниот екосистем потребен за поддршка на националните дигитални валути. Народната банка им се приклучува на овие трендови преку веќе најавените првични активности за истражување на потребата и можностите […]