(Фото) На ГАК родено близначе во амнионска обвивка


На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка. Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски […]