Акциите на „Алфабет“ скокнаа по купувањето удел од страна на Бафет


Акциите на „Алфабет“ скокнаа во понеделник откако „Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет откри нов удел во матичната компанија на „Гугл“, една од најзначајните технолошки инвестиции на конгломератот во последните години. Акциите на „Алфабет“ пораснаа за 3,1%, пркосејќи на слабоста на повеќето технолошки акции претходно во текот на неделата. Кварталниот извештај од 13F покажа дека „Беркшир“ […]

„Алфабет“ го купува стартапот за сајбер безбедност „Виз“ за 32 милијарди долари


Сопственикот на Гугл, „Алфабет“ (Alphabet), ќе ја купи фирмата за сајбер-безбедност „Виз“ (Wiz) за 32 милијарди долари – во договор за зајакнување на внатрешната обработка на облак на технолошкиот гигант во услови на растечки раст на вештачката интелигенција. Доколку се затвори, трансакцијата со готовина, објавена во вторник, ќе стане најскапата аквизиција на Гугл во 25-годишната […]

Колку заработуваат директорите на фирмите од клубот „Седумте величествени“


Компаниите од „Седумте величествени“ – Мајкрософт, Епл, Нвидиа, Алфабет, Амазон, Мета и Тесла – имаат заедничка вредност од речиси 14 билиони долари. Водењето на една од овие големи технолошки фирми значи да се добие прилично голема плата. Вкупниот надоместок на извршниот директор на Епл, Тим Кук, беше 63,2 милиони долари минатата година, на пример, иако […]

ЕК започна истрага против „Алфабет“, „Епл“, „БајтДенс“ и „Мета“


Европската комисија отвори истрага за неусогласеност на некои од правилата на „Алфабет“, „Епл“, „БајтДенс“ и „Мета“ со Законот на ЕУ за дигитални пазари (ДМА), јави дописникот на МИА од Брисел.  Истрагата е отворена поради сомнеж на Комисијата дека овие компании, кои имаат статус на „вратари“, не ги почитуваат нивните обврски согласно Законот и тоа „Алфабет“ […]

„Епл“, „Алфабет“, „Мета“, „Амазон“, „Мајкрософт“ и „БајтДенс“ од денеска мора да се усогласат со Законот на ЕУ за дигитални пазари


Компаниите „Епл“, „Алфабет“, „Мета“, „Амазон“, „Мајкрософт“ и „БајтДенс“, кои лани во септември Европската комисија ги прогласи за „чувари на портите“, од денеска треба целосно да се усогласат со сите обврски од Законот за дигитални пазари на ЕУ (ДМА).  Ова законско решение воспоставува нови правила за интернет пребарувачите, сајтовите за електронска трговија и за купување на […]

Пробивот во вештачката интелигенција на „Гугл“ им даде крилја на акциите на „Алфабет“


Акциите на „Алфабет“ (Alphabet) се тргуваат на највисоко ниво од август минатата година по најавите на „Гугл“ (Google) за вештачка интелигенција на конференцијата за програмери во средата. Акцијата се зголеми за околу 5 отсто и се тргуваше близу 118 долари за акција во четвртокот наутро. На својот I/O настан, „Гугл“ во сопственост на „Алфабет“ објави […]

„Алфабет“ разочара, објави помали приходи од очекуваните, најмногу потфрли „Јутјуб“


Акциите на „Алафабет“ (Alphabet), матичната компанија на „Гугл“ паднаа за околу 7 отсто во продолженото тргување во вторникот, откако компанијата објави послаби од очекуваните приходи и приходи во третиот квартал и соопшти дека тоа значително ќе го намали растот на работните места. „Алафабет“ ги разочара аналитичарите со резултатите објавени денеска. Приходите на „Јутјуб“ (YouTube) паднаа, […]