Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс во посета на Скопје
Делегација на Министерството за внатрешни работи на Словенија предводена од министерот Алеш Хојс денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Официјалниот пречек на словенечкиот министер Хојс, од неговиот домаќин Оливер Спасовски, ќе се одржи во кругот на Министерството за внатрешни работи, по што ќе следи работен состанок на делегациите на двете министерства, најави МВР. […]