„Тоа не е точно“: Трамп за пишувањата дека се затвора американската база во Александруполи


Тоа не е точно, одговори американскиот претседател Доналд Трамп, во однос на натписите во медиумите дека САД ќе ја затворат воената база во грчкиот град Александруполи, откако претходно се консултираше со државниот секретар Марко Рубио и државниот секретар за одбрана Пит Хегсет, јави дописничката на МИА од Атина. За време на средбата со францускиот претседател […]

Европската комисија одобрила финансирање на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“


Европската Комисија издала извршна одлука за одобрување на финансиски придонес на Унијата во реализација на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“, соопшти алтернативниот министер за национална економија и финансии на Грција Никос Папатанасис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е во рамките на програмата на европските структурни и инвестициски фондови за конкурентност, […]

На 1 октомври почнува со работа терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполи


Комерцијалната работа на терминалот за течен природен гас во грчкиот град Александруполи преку кој низа земји, меѓу кои и Северна Македонија, ќе се снабдуваат со природен гас ќе започне на 1 октомври годинава, јави дописничката на МИА од Атина. Извршниот директор на „Гастрејд“, компанијата-оператор на проектот, Костис Сифнеос, заедно со амбасадорите во Грција на земјите-членки […]

Во Александрополис пристигна танкер за гас, ќе ја снабдува и Македонија


  Специјално прилагодениот танкер „Александрополис“, односно пловната единица за складирање и регасификација (FSRU) доплови до грчкиот град Александрополис, од каде што, откако ќе биде ставена во функција, веројатно во првиот квартал од 2024 година, ќе снабдува со приоден гас низа земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата „Гастрејд“, која […]

ЕК одобри исплата на 106 милиони евра државна помош за доизградба на гасниот терминал во Александруполи


Европската комисија го одобри барањето на Грција за исплата на државна помош од 106 милиони евра за поддршка на доизградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот пристанишен град Александруполи, на кој преку гасовод треба да се приклучи и Северна Македонија.  Како што соопшти денеска Еврокомисијата, одобрението е издадено согласно Правилата на ЕУ […]

Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел на инаугурација на изградбата на терминалот за течен гас во Александрополис


Во присуство на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во грчкиот град Александрополис ќе се одржи свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG), […]

Мицотакис и лидерите од Балканот, меѓу кои и Ковачевски утре во посета на терминалот за LNG во Александруполи


Терминалот за течен природен гас (LNG) во грчкиот град Александруполи утре ќе го посети грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис заедно со други лидери од Балканот, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, меѓу нив ќе биде и претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски. Грчкиот премиер за време на владината седница во петокот […]