Поранешниот турски репрезентативец Ахмет Чалик загина во сообраќајна несреќа


Поранешниот член на турската фудбалска репрезентација Ахмет Чалик загина на 27. годишна возраст во сообраќајна несреќа, објави денеска неговиот клуб Коњаспор. Турските медиуми јавија дека Чалик настрадал во несреќа што се случила на автопат во близина на Анкара, каде фудбалерот требало да ги заврши последните подготовки за својата свадба. Чалик од 2011 до 2017 година беше член на Генчербирлиги, […]