Елитните блогови за архитектура во светот го оценија „21st Century Zlatibor by Adora“ како уникатен бутик хотел


  „21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е создаден да им овозможи на гостите единствено  доживување и комплетен комфор“. – со овие зборови е опишан хотелот на Адора на Златибор од страна на елитните блогови за архитектура […]

„Адора инженеринг“ донираше финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и регионот


  Компанијата „Адора инженеринг“ донираше финансиски средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес, кој однесе многу невини човечки животи и предизвика огромна материјална штета во Турција и Сирија. Во овие моменти најважна е солидарноста, а македонскиот народ сочувствува со нашите пријатели од Турција и погодениот регион. Адора изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во земјотресите, […]

20 години „Адора“: Промовирана автобиографската книга „Мојот македонски код“ на Ванчо Чифлиганец


„Мојот македонски код – Живеам за да работам – Ако си борец ќе бидеш и творец“, е најновото авторско дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, животна и професионална автобиографија на нашиот потврден стопанственик, менаџер, професор, спортски активист и филантроп, која беше промовирана синоќа на корпоративната прослава на „Адора“ во Скопје. Низ книгата со 12 поглавија, […]

„Адора инженеринг“ доби цврсти гаранции дека ЕСМ АД ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот


  Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба на топланите Исток и Запад и дека на компанијата ќе и бидат исплатени долговите настанати во изминатата година по основ на закуп и амортизација на топланите, соопштија од „Адора“. […]

ЕСМ и „Адора“ постигнаа договор за закуп на топланите


  АД ЕСМ и „Адора“ постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на „Адора“ , кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, информира АД ЕСМ. -Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година. Закупнината е дефинирана според постоечката […]

Чифлиганец: Случајот со топланите ги потврдува извештаите на ЕУ и САД за владеење на правната несигурност во државата


  Во оваа држава може да се напише докторат за невладеење на правото и она што постојано го констатираат во своите извештаи Европската Унија и Стејт департментот. Странските инвеститори кои ја заобиколуваат нашата земја поради правната несигурност, сега се гледа и преку домашната инвестиција на „Адора инженеринг“ во Топланите Исток и Запад, изјави денеска Ванчо […]

„Адора“ подготвена да ги даде топланите под закуп доколку се изнајде модел за да се подмират побарувањата


  Компанијата „Адора инженеринг“, во чија сопственост се топланите Исток и Запад, денеска соопшти дека е согласна, доколку се изнајде модел за да се подмират нивните побарувања, да се премине кон краткорочен договор за закуп со АД ЕСМ до моментот на реализација на сите потребни услови за купопродажба. – Во текот на вчерашниот и денешниот […]

Ранци и комплетен прибор добија сите 280 првачиња од Радовиш под слоганот „Само делата се вистина“ од „Адора инженеринг“


  Среќен почеток на 280 првачиња од Радовиш со ранци и комплетен училишен прибор за да редат големи успеси во учењето и во животот им посакаа генералниот директор на „Адора инженеринг“, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, заменик генералниот директор, Душко Чифлиганец и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов. На радоста на првачињата и немаше крај, а добија […]