Две жртви во неколку напади на познат синџир продавници во Калифорнија
Две лица загинаа, а тројца се ранети во грабежи на шест продавници на американскиот ланец „7-Eleven“ (7-11) во Јужна Калифорнија. Локалните власти соопштија дека трагаат по еден напаѓач. Нападите беа извршени во период од околу пет часа на 11 јули (7-11), денот кога националниот бренд ја слави својата годишнина. Вчера беше 95-годишнината на брендот и продавниците нудеа бесплатни пијалаци. […]