Дудуш: „Ни рекоа дека ќе бидеме убиени“


Со сведочење на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш денеска во Кривичниот суд продолжи судењето на обвинетите за настаните во Собранието на Македонија на 27 април минатата година. Дудуш во судницата рече дека се сеќава оти на 27 април бил на галеријата во прес-салата во Собранието кога влегла поголема група демонстранти кои извикувале „ќе бидете убиени”. […]

Ферид Мухиќ и Курто Дудуш ќе сведочат за „крвавиот четврток“


Сведочењата на двајца пратеници и уште двајца други сведоци, од кои едната е новинарка, денеска треба да се слушнат во судницата во Кривичниот суд на рочиштето за настаните од 27 април лани во Собранието. Двајцата пратеници кои пред судечкиот совет, обвинетите и обвинителите ќе кажат што виделе на „крвавиот четврток“ се Ферид Мухиќ и Курто […]

Зекири: Ѓорчев ме молеше да спречам група од Бит-пазар да дојде до Собранието


Одбраната инсистираше пратеникот Мухамед Зекири да признае дека нередите во Собранието се случиле откако Талат Џафери бил назначен за парламентарен спикер, Обвинителството ги побиваше ваквите барања, а судијката Добрила Кацарска се согласуваше со обвинителите. Вака главно траеше поголемиот дел од вчерашната расправа во скопскиот Кривичен суд за настаните од ланскиот 27 април, каде што им […]

Шилегов и Зеќири ќе сведочат за случувањата во Собранието на 27 април


Со сослушување на сведоци предложени од обвинителството во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година. На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани сведоци, меѓу кои Петре Шилегов и Мухамед Зеќири. На минатото рочиште сведочеа Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, […]

Манчевски: За 1.000 денари си го откупив чадорот со кој ме тепаа


Повеќе од три часа траеше распитот во судот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој беше сведок во процесот за насилствата во Собранието. Тој ги раскажуваше случувањата од ланскиот 27 април. Рече дека бил во прес-салата кога дел од граѓаните што протестирале надвор успеале да се пробијат во ходникот од парламентот. Биле […]

Сведочење на Манчевски: Се закануваа дека ќе нѐ убијат


Сите триесет и тројца обвинети за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година се присутни на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на кое треба да бидат сослушани четворица сведоци предложени од Обвинителството. Денешното рочиште почна со сослушување на сведокот Дамјан Манчевски, сега министер за информатичко општество и администрација, а треба да сведочат […]

Почнува правната разврска за 27 април – обвинетите не чувствуваат вина


Случувањата во Собранието од 27 април минатата година, како еден од најголемите кривично правни настани за македонското судство, но воедно и како еден од најголемите политичко-правни предизвици што треба да покажат дали Македонија се реформира во правна држава, од минатата недела полека почна да навлегува во својата правна разврска. Веќе четири дена во Кривичниот суд […]

Сите обвинети негираат вина за „27 април“


Обвинетите за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.  Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Како сведоци повикани […]

Наместо директор во БЈБ – поротник на судењето за 27 април


Пензиониораниот генерал, Зоран Јовановски – Челик, кој беше споменуван како можен наследник на разрешениот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, е судија поротник на судењето за „крвавиот четврток“. Судењето за настаните од 27 април почна во средата, по објавувањето на името на новиот директор на Бирото, Сашо Тасевски. Откако во јавноста веќе беше […]

(Фото) Со зурли и тапани го чекаат Чавков пред судот


Со пароли „Судење на уметници и парламентарци како терористи е срам на векот“, група граѓани се собраа пред Кривичниот суд да им дадат поддршка на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април. Тие со зурли и тапани ги чекаат обвинетите. Судот е под силно полициско обезбедување. Пред малку стигна поранешниот директор на БЈБ, Митко […]

Почнува судењето за случувањата во Собранието на 27 април


Во Кривичниот суд во Скопје денеска почнува нова постапка за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Предметот, како што е најавено, ќе го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска и веќе се закажани вкупно 37 термини за главна расправа. Јавното обвинителство  во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, […]

Во Собранието доставен Предлог закон за амнестија за настаните од 27 април


Во Собранието на Република Македонија денеска од страна на Единствена Македонија беше доставен Предлог – закон за амнестија за настаните од 27 април, минатата година. – Денеска во Собранието го доставуваме предлог-законот за амнестија и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Драган Угриноски, членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија и претседател на МЗП Тврдокорни […]

СДСМ: Бадијала сонува Мицкоски


Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ по повторениот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се амнестираат осудените или осомничените за настаните на 27 април минатата година. „Наместо да им […]

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, другите не сакаат да слушнат


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе побара амнестија за обвинетите за ланските случувања во Собранието, но според реакциите вчера тешко дека ќе добие поддршка од политичките противници. Напротив, тие прилично недвосмислено порачуваат оти не може да има амнестирање за насилствата што лесно можеа да резултираати со човечки жртви. За донесување Закон […]

Мицкоски: Ќе понудиме закон за амнестија на осудените од 27 април


Пред органите на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам да изработиме закон за амнестија на осудените лица од настаните од 27 април во Собранието на РМ, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Телма. Откако ќе ја добие партиската поддршка, Мицкоски рече дека законот ќе биде предложен и до Собранието, а лично тој ќе побара поддршка […]

Судењето за насилствата во Собранието почнува на 22 август


На 22 август ќе почне судењето за крвавиот четврток, односно за упадот во Собранието што се случи на 27 април минатата година. Овој предмет во кој се обвинети 30 лица че го води судијката Добрила Кацарска.  Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови. […]

На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска


Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април. Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови. Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на […]

Богоевски: Мора да има одговорност на највисоките функционери за настаните во Собранието на 27 април


Без одговорност на највисоките функционери, делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните од 27 април минатата година во македонското Собрание нема смисла, оцени денеска Слободан Богоевски, почесен претедател на Комитетот за заштата на правата. – За да постои делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ секогаш мора да има политички цели. Ако не седнат на […]

Имаше ли обид за реприза на 27 април?


Откако премиерот Зоран Заев го потпиша договорот за промена на името на земјата во „Република Северна Македонија“, започнаа неколкудневните протести пред Собранието кои кулминираа во насилство. Иако тие беа организирани преку социјалните мрежи, според дел од аналитичарите и креаторите на јавното мислење во земјава, можно е да има руско влијание на политичката сцена. Пред сѐ […]

Ѓорчев: Не го видов напаѓачот на Села


Во Кривичниот суд денеска на рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од 27 април минатата година сведок по предлог на одбраната беше пратеникот Влатко Ѓорчев. Пред судот Ѓорчев зборуваше за случувањата од 27 април, како влегол во прес-салата и кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги […]