(Во живо) Пресуди за „27 Април“
Проследете ги во живо пресудите за 27 Април, за 17 обвинети.
Речиси две години подоцна, во Кривичниот суд во Скопје ќе биде соопштена пресудата на судечкиот совет, предводен од Добрила Кацарска, за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година. Иако Обвинителството за организиран криминал покрена обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок против триесетина лица, денеска ќе им биде пресудено само на 17, затоа што […]
Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“. Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Судскиот процес почна во август минатата година и е еден […]
Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, му препорачува на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да прочита малку повеќе за судењата во Нирберг по Втората светска војна. Во интервју за ТВ Алфа, Мицкоски вчера го спореди случајот за 27 април, со Нирнбершкиот процес каде им се судеше на нацисти кои биле поставени на водечки позиции за време […]
Александра М. Митевска Добро беше да се слушне како премиерот, а во меѓувреме и министерката за правда, бараат одговорност за инцидентот во затворот во Шутка. Додуша, поводот беше многу лош, така што оставката што ја понуди подоцна директорот на најозлогласениот затвор во државата, всушност, е најмалата работа што мораше да се направи за барем донекаде […]
Иако барем половина од пратениците од овој собраниски состав се релативно непознати за пошироката јавност, тој ќе остане запаметен по неколку крупни одлуки што ги донесе за помалку од една година, како уставните амандмани што произлегоа од Преспанскиот договор, но и по неколку преседани и „рекорди“ што ги постави. Во историјата на македонскиот парламентаризам не […]
Петтемина поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, од кои тројца беа приведени попладнево, а двајца се водат како недостапни, се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Трајко Вељановски, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошкоски, всушност, се осомничени за истото дело како и повеќемина од триесетината обвинети во големиот судски процес за […]
Во Кривичниот суд во Скопје денеска во рамки на судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, завршни зборови дадоа обинетите Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Игор Дурловски, Младен Додевски и Јане Ченто, кои се товарат за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Пепиќ во завршните зборови на судењето истакна дека не е […]
Александар Василевски – Нинџа е контраверзен лик кој предизвика внимание во јавноста, но тој е човек, кој како никој пред него јавно зборувал за настаните од 27 април, истакна денеска адвокатот на обвинетиот Звонко Давидовиќ. -Обвинителството му понуди заштита бидејќи исказот опфати моќни личности, но како и секогаш не се одржа до зборот. Тие што […]
Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието на 27 април 2017 година покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета. Новинарот Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, информираше дека во моментов се во комуникација со правници и дека е можно тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка да се утврди одговорноста на […]
Петмината пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се меѓу првите 12 амнестирани лица за упадот во Собрание што се случи на 27 април минатата година. Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев вечерва потврди дека се донесени првите 12 решенија за амнестија за крвавиот четврток и ги соопшти нивните имиња […]
Голем дел од обвинетите за 27 април се премислија, како што и повеќето политички актери во изминатите два месеци ги менуваа ставовите за т.н. помирување. Барања за амнестија до судот, според информациите, поднеле и обвинети кои во октомври годинава изјавуваа дека бараат правда, а не помилување, откако премиерот Зоран Заев ја пласираше од собраниската говорница […]
Оперскиот пејач Игор Дурловски нема да бара амнестија за настаните од 27 април. На својот профил на „Фејсбук“, тој објави дека ќе продолжи да се бори за докажување на неговата невиност за делото за кое му се суди. „Секоја борба носи свој ризик, а со оваа постапка го ставам на ризик и мојот и животот […]
Денеска и утре се последните два дена за поднесување барање за амнестија за крвавите случувања од ланскиот 27 април. Се очекува најмалку дваесетина од вкупно 33 обвинети да побараа милост од Кривичниот совет сметајќи дека ем влегуваат во законските одредби ем заслужуваат да бидат амнестирани. Барањата до скопскиот Кривичен суд се доставуваат лично или по […]
Со изнесување дополнителни докази на дел од обвинетите во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На минатото рочиште дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа. На денешното рочиште треба […]
Законот за амнестија ќе го претекне објавувањето на судските пресуди за насилствата во парламентот. Пратениците по брза постапка ќе им дадат помилување на своите колеги, кои лани ги отворија вратите на законодавниот дом, по што тие ќе бидат избришани од судската постапка и нема да слушнат дали и каква затворска казна ќе ги дочекаше доколку […]
Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието продолжува денеска во Кривичниот суд со изнесување дополнителни докази од Обвинителството. Вчера во судот исказ даваше сведокот Методија Илиевски, предложен од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен. Тој рече дека седум години го знаел Богдан и го опиша како воспитан, културен и многу чесен човек. Методија […]
Доказите што ќе ги собере Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе бидат клучни дали ќе биде поднесено обвинение против функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, поранешната заменик-министерка за правда, Билјана Бришкоска-Бошковски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и Кирил Божиновски, кои обвинетиот Александар Василевски-Нинџа со име и презиме ги посочи дека го командувале упадот […]
Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието продолжува денеска во Кривичниот суд со сослушување на пет сведоци предложени од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен. Според најавите од претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска, се очекува денеска да заврши сослушувањето на сведоците, утре Обвинителството да приложи дополнителни докази, а од следната недела обвинетите […]
Јохан Тарчуловски, кој е еден од обвинетите пратеници за случувањата на 27 април, вели дека се уште е рано да се произнесе дали ќе бара амнестија согласно денеска донесениот предлог-текстот во Собранието за селективна амнестија. Според нацрт-законот, амнестија нема да има за организаторите и за лицата што извршиле насилство, додека останатите можат да бидат ослободени, но […]