Шешељ за Тито: Го мразев, тој измислуваше нации, сакав да ја фрлам штафетата во река


Иако за Јосип Броз Тито сега мисли сѐ најлошо, лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, со смеа се сеќава дека како гимназијалец на 25 Мај ја носел штафетата. „Во трета година гимназија ме избраа да ја носам штафета. Ја носев некаде помеѓу Правниот факултет и Првата гимназија по должината на брегот на реката […]

Малолетничка избегала од домот „25 Мај“


Четиринаесетгодишна штитеничка од Домот „25 Мај“ се оддалечила од институцијата од непознати причини во периодот од 31 март до 2-ри овој месец. Случајот, како што информира МВР, социјален работник од домот „25 Мај“ вчера околу 11 часот случајот го пријавил во полицијата. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето

Уште две сестри поминале низ пеколот во „25 Мај“: Дете растргнато меѓу судот и социјалните работници


Центарот за социјални работи на Скопје одбива да врати малолетно девојче, кое било згрижено во ЈУ „25 Мај“, кај својата мајка, иако пред една година судот донел одлука дека ѝ ги враќа родителските права на мајката Р.А и таа може да ги земе со себе. Според одлуката, на мајката ѝ се вратени правата над двете […]

Старателот не се грижел за малолетното девојче, ќе има кривични пријави


Инспекцијата утврди низа прекршувања на законот од страна на Центарот за социјална работа во случајот на Р.И, девојчето штитеник на ЈУ „25 Мај“. која била жртва на силување, подведување и трговија со луѓе. Се подготвуваат прекршочни и кривични пријави за одговорни и стручни лица. Со цел да се испитаат сите околности во случајот со малолетната […]

Инспекција ги проверува постапките за сите 44 деца во домовите (Фото)


Јавното обвинителство вчера конечно се „разбуди“, а МТСП прати социјална инспекција откако невладина организација пред некој ден соопшти дека 13-годишно девојче абортирало како штитеник на ЈУ „25 мај“, а „Независен весник“ дојде до информација дека има уште трудни малолетнички во домовите во кои се сместени како штитенички на државата. Инспектори тргнаа да ги проверуваат и […]

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“


Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе. […]

Директорот на „25 Мај“ поднесе оставка


Директорот на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми „25 Мај“ Стевчо Соколовски поднесе оставка од морални причини, во врска со случајот со сексуалната експлоатација на малолетна штитеничка на установата, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Очекуваат МВР и ОЈО да преземат мерки согласно со нивната надлежност, со цел да […]