Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски повик


Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува да ги следи технолошките напредоци и да го надградува системот за итни повици, а новитетите вклучуваат автоматски повици од „паметни часовници“. Според ЦУК, ова е дел од постојаното подобрување на единствениот број за итни случаи 112, кој веќе е достапен на целата територија на државата. Во март 2022 […]

Утре од 8 до 10 часот нема да функционира телефонскиот број 192, граѓаните можат да го користат 112


СВР Скопје ги информира граѓаните на Скопје дека утре во периодот од 8 до 10 часот телефонскиот број 192 нема да биде во функција од технички причини. Во наведениот период, како што посочуваат од МВР, граѓаните можат да го користат бесплатниот телефонскиот број 112 и на него да пријавуваат настани.

Возач излетал од патот Велес-Штип, спасен со мобилниот телефон кој испратил автоматска порака до бројот 112


Возач кој со возилото излетал од магистралниот пат Велес – Штип е спасен благодарение на тоа што од неговиот мобилен телефон е испратена говорна порака на аглиски јазик до Единствениот европски број за итни случаи 112. Од Центарот за управување со кризи информираат дека повикот е примен рано утринава во 04:20 часот и согласно процедурата, […]

ЦУК: Од 11 февруари досега на бројот за итни ситуации примени вкупно 240.253 повици


На единствениот телефонски број за повици при итни ситуации 112 од 11 февруари па сè до денеска се примени вкупно 240.253 повици. Тоа се во просек 1.404 повици дневно, објавија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на нивната фејсбук страница. Во февруари, кога се примаа повици само од територијата на Скопје, се примени […]

Софтверот за 112 совршен, ама мануелно се врти да се пријави пожар во друг град


Како да се подобри искуството на крајните корисници – граѓаните, но и кои се можностите, недостатоците и предизвиците за одржување на системот за  новововедениот број за итни повици 112 на целата територија на државата, дебатираа учесниците во имплементацијата на единствениот број што од февруари годинава ги замени итните броеви на полицијата, брзата помош, противпожарната единица […]

(Видео) Ангелов за единствениот број 112 – почнува едукативна кампања


Кампања во соработка со канцеларијата на ЕУ, на две национални телевизии, на македонски и албански јазик, почнува за запознавање на граѓаните со функционирањето на единствениот број 112. Досега за еден месец се примени околу 27.000 повици, од 1 март, или повеќе од 1.550 повици на дневна основа. – Со оваа кампања граѓаните ќе бидат запознати […]

Пуштен во употреба бројот за итни повици 112, првично само за Скопје


Од денеска во Македонија почна да функционира линијата за итни повици 112 како единствен повикувачки број кој важи на целата територија на Европската Унија. Наместо досегашните 192, 193, 194 и 195, односно полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, граѓаните со едноставно вртење на 112 можат да ја добијат која било […]

Започна усогласувањето за ставање во функција на европскиот број за итни повици


Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за потребата од обезбедување на телекомуникациски сервиси за единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата – Е-112. Согласно препораките на ЦУК, Владата ги прифати […]