Џинобили номиниран за член на Куќата на славни
САД– Аргентинскиот кошаркар Ману Џинобили (44) е меѓу номинираните играчи за влез во кошаркарската Куќа на славните во 2022 година. Џинобили настапуваше за Сан Антонио од 2002 до 2018 година и со „Спарси“ освои четири НБА титули (2003, 2005, 2007, 2014). Исто така, беше клучен играч во аргентинската репрезентација, која на Игрите 2004 во Атина го освои олимпиското злато. […]