Џафери: Кампањата ќе биде транспарентна


Пратениците ја почнуваат кампањата за референдумот закажан за 30 септември. Денеска се одржува последната седница пред одржување на референдумот, а активностите се очекува да започнат од понеделник. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција пред отпочнување на кампањата рече дека самото прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот […]

Џафери побара пратениците да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата за референдумот


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање. Известувањето е упатено до координаторите […]

Џафери ги чека имињата од партиите за новите членови на ДИК


Во Собранието на Република Македонија речиси два часа се чека Кабинетот на претседателот Талат Џафери да го извести претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Илија Димовски за одговорите од партиите за кандидатите за членови на состав на Државната изборна комисија. Комисијата за прашања на изборите и именувањата по 19 часот одржа седница […]

Џафери: ДИК секако ќе се формира, Договорот со Грција во Службен весник пред распишување на референдумот


Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба во недела навечер или во понеделник и оти нема да биде никаков проблем тоа што е договорено Собранието да се спроведе и до крајот на месецот. Во спротивно, вели тој, ќе продолжи процедурата […]

За договорот за промена на името пратениците пак ќе гласаат на 5 или 6 јули


На 5 или на 6 јули ќе биде закажана собраниската седница на која треба повторно да се гласа за Договорот со Грција за името, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Потоа, како што кажа, доколку по втор пат претседателот на државата не го потпише указот и тоа помине во пракса, ќе се употреби исто […]

Апелација ја укина пресудата против Богоевски за клевета на Ахмети и Џафери


Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата по тужбата за клевета и навреда против ексразузнавачот Слободан Богоевски, која ја поднесоа Али Ахмети и Муса Џафери, дознава  „Макфакс“.  Судиите од второстепениот суд предметот со насоки за натамошно постапување го вратиле на повторно судење. Тоа значи дека првите луѓе на ДУИ од почеток во граѓанскиот суд во Скопје […]

Груевски за Џафери: Ако нема да се дезинфецира, добива апстиненцијална криза


Поранешниот премиер Никола Груевски му врати на парламентарниот спикер Талат Џафери за коментарот оти бил во психолошка криза поради честите судења. На својот профил на „Фејсбук“, Груевски, кој му беше шеф на Џафери кога тој министеруваше со ресорот Одбрана, порача: „Читам Талат изјавил дека сум бил во психолошка криза. Познавајќи го, секогаш кога некој ден […]

Џафери на гости кај Албанската парламентарна Група за молитва


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери од денеска до недела ќе престојува во Тирана. Тој ќе учествува на 15. Средба на југоисточна Европа организирана од Албанската парламентарна Група за молитва, соопштија од неговиот кабинет.

Џафери се сретна со потпретседателката на српскиот парламент


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во рамки на официјалната посета на Република Србија, се сретна со потпретседателот на Народното Собрание на Република Србија, Владимир Маринковиќ. На средбата присуствувале и членови на пратеничките групи за соработка на собранијата на двете држави. Од Кабинетот на Џафери соопштија дека средбата се одвивала во срдечна и […]

Џафери-Меј: Посилно Собрание значи посилна Македонија


Собранието на Република Македонија е посветено на вистинската улога на законодавниот дом, а резултат за тоа е неодамна добиениот Извештај за напредокот од Европската комисија, истакна поладнево спикерот на македонскиот Парламент Талат Џафери на приемот во чест на премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј. – Ова е дом на граѓаните, отворен и достапен за сите добронамерници, и […]

Џафери се сретна со Кучан


Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со поранешниот претседател на Словенија, Милан Кучан, на која било изразено задоволство од одличните односи меѓу двете земји. Џафери го информирал соговорникот за случувањата на внатрешен и на надворешен план во земјава изминатата година. Од друга страна, Кучан, како личен сведок на осамостојувањето на Македонија, нагласи дека […]

Собранието ќе добие Етички кодекс


Собранието на Република Македонија подготвува Етички кодекс кој ќе има за цел да ја зајакне етиката кај пратениците и да ја зголеми довербата во Парламентот како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека документот е во фаза на нацрт верзија и оти за да биде законодавниот дом […]

Џафери: Иднината на нашата земја е во европското семејство


Република Македонија уште од самиот почеток на своето осамостојување, јасно и недвосмислено го зацрта својот пат и ги определи своите стратешки приоритети. Еден од нив е полноправното членство во Европската унија и за тоа имаме несомнена поддршка од сите граѓани. Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на одбележувањето на […]

Нема амнестија за насилниците од 27 април во Собранието


Премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки. – Не сакам ни да помислам дека некој размислува за такво нешто, закон за аменстија. Верувам дека никој и […]

Џафери: Сечиј живот во Собранието на 27 април беше подеднакво важен


Животот на сите што беа во Соранието на 27 април минатата година беше подеднакво важен, но ако исходот на некој од лидерите беше смртен, ќе настанеше безредие и ќе избиеше граѓанска војна, рече спикерот Талат Џафери во вечерашното гостување на Топ тема. За веме на инцидентот, Џафери, како што истакна, комуницирал со семејството, со медиумите, […]

Џафери: И покрај тоа што Македонија не е членка на НАТО, даваме голем придонес во мировните мисии


Мирот и стабилноста подразбираат соработка помеѓу државите на полето на безбедноста, вклучително и во рамките на НАТО. Република Македонија, уште од своето осамостојување, за своја стратешка цел го определи полноправното членство во НАТО и за тоа има висока поддршка од граѓаните, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Конференцијата на претседатели на Парламенти […]

Манчевски нема информации за вработувањето на ќерката на Џафери и синот на Грчев


Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека нема конкретни информации за вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев во државната компанија ЕЛЕМ, но нагласи дека доколку било што не е согласно Законот веднаш ќе се реагира. Одговарајќи на новинарско прашање дали има непотизам при […]

Ќерката на Џафери и синот на Грчев примени без конкурс


Ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери и синот на архитектот близок до власта, Мирослав Грчев, добија вработувања во државната „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ). Нивните работни места не беа огласени и примени се без конкурс, што дополнително ја зовре јавноста во ситуација кога се бара чесност, непристрасност и транспарентност по промената на власта пред десетина […]

Џафери: Со непотпишување на указот, Иванов го крши Уставот


Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека е личен избор на претседателот Ѓорге Иванов  дали ќе го потпише Законот за јазици, но со непотпишување на указот претседателот го крши Уставот зашто, рече, доколку мнозинството го изгласа по вторпат законот, претседателот е должен да го потпише. Во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма Џафери рече […]

ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за Џафери, ќе одговара и кривично


ВМРО-ДПМНЕ го анализира целокупното сценарио од завчерашниот ден кога во Собранието беше изгласан Законот за јазиците со што е прекршен Деловникот, законите и Уставот, изјави  претседателот на партијата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.  Рече дека ги анализираат постапките на СДСМ и ДУИ од средата и од резултатите на анализата ќе преземат конкретни чекори. – […]