Полноќно враќање на Ќосето пред „Континентал“


Во текот на ноќта, на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје беше повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето, кој пред шест години беше отстранет од пред зградата на Врховниот суд од страна на тогашната градска власт, предводена од поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Одлуката за враќање на споменикот беше донесена од Советот на Град […]

Споменикот на Ќосето ќе се постави во Горно Лисиче?


Вчера на Советот на Општина Аеродром, нашата советничка група достави Иницијатива за поставување на споменикот на револуционерот Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром поточно во паркот во Горно Лисиче по барање и инсистирање на претседателот на советот, соопштија од Левица. Општина Аеродром ќе поднесе иницијатива до Собранието на РСМ за поставување […]

Општина Центар ја одби Арсовска споменикот на Ќосето да се врати пред судовите


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од Општина Центар побарала дозвола за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Општината веднаш го одбила ваквиот предлог на Арсовска, појаснувајќи дека такво барање може да упати до Собранието. Таа поднела барање до Општина Центар да добие согласност за започнување на постапката за враќање на споменикот […]

Се отстранува постаментот од споменикот на Ќосето


Град Скопје денеска го отстранува постаментот  на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето , a кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито. На официјалната страница на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук се објавени фотографии од отсранувањето. Споменикот на Ќосето пред Судска палата стоеше […]

Грешката на советникот од Алијансата за Албанците го сели Ќосето во Сопиште?


Советникот од Алијанса за Албанците, Орхан Гафури бара ново гласање за тоа дали општина Сопиште да го вдоми споменикот на Ќосето, објави Телма. Орхан Гафури тврди дека гласал против споменикот да биде преселен во нивната општина со што се доведува во прашање резултатот од денешното гласање со 6 наспроти 4, за прифаќање на споменикот. Советникот […]

Ангелов: Споменик на Ќосето треба да има


Лидерот на Достоинство, генералот Стојанче Ангелов смета дека споменик на Андон Ќосето треба да има, но не пред судот, каде што беше до пред два дена, односно пред да биде тргнат од новите градски власти во Скопје. „Херој на македонската борба за слобода. Лојален припадник, бескомпромисен борец и суров извршител на Организацијата. За жал, поради […]

На местото на Ќосето ќе биде засадено дрво на човековите права


На местото на споменикот од Андон Ќосето ќе биде засадено гинко – дрво на човековите права, информираше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – На дрвото ќе се постави плочка на која ќе биде изгравиран членот 10 од декларацијата за човекови права – рече тој и додаде дека споменикот на Ќосето, кој беше отстранет доцна синоќа, […]

Град Скопје го тргна Ќосето од пред судот (Видео)


Oтстранет е споменикот на Ќосето од тревникот на крстосницата кај Врховниот суд во Скопје. Споменикот е однесен во магацините на Металски завод Тито. Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување. Споменикот  со кама в рака на Андон Јанев-Ќосето, контроверзен […]