Се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа, вели Николоски


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека со Албанија веќе се работи на изнаоѓање алтернативна рута за автопатот Ќафасан – Требеништа. Добро оди, рече Николоски, и работата на патот Извор – Гарски Мост, а автопатот од Тетово, кој има три делници, се очекува да биде завршен за три години. Како што информира […]

По шокот на Ќафасан со функционерите Влен бара објаснување од Албанија


  Неочекуваниот „инцидент“ на граничниот премин Ќафасан“ кон Албанија предизвика вознемиреност во Влен бидејќи таму беа задржани тројца функционери на партијата од албанската гранична полиција наводно без образложение. Во групата биле координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани. Тие биле задржани околу еден час, […]

Албанците масовно во Струга по горива – метеж на „Ќафасан“


Ниските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во Македонија предизвикаа вистински метеж на граничниот премин Ќафасан. Најголем дел од патниците доаѓаат од пограничните места во соседна Албанија на еднодневни посети во Струга, со цел да ги наполнат резервоарите и да набават основни намирници. Според официјалните податоци од СВР Охрид, само на почетокот на овој […]

Камионите блокирани на Ќафасан почнаа да минуваат низ Дебар и продолжуваат преку граничниот премин „Блато“


Врз основа на договорот на македонските и албанските надлежни служби камионите блокирани на Ќафасан почнаа да минуваат низ Дебар и продолжуваат преку граничниот премин „Блато“. За само неколку часа, преку граничниот премин „Блато“, на македонско – албанската граница кај Дебар, минаа најмалку 30 камиони, кои беа блокирани на преминот „Ќафасан“, кај Струга, како и други […]

Макам-транс: Алтернативен граничен премин за превозниците наместо Ќафасан до надминување на проблемот


 Асоцијацијацијата Макам-транс соопшти дека од денеска напладне до 22:00 часот и секој нареден ден до надминување на проблемот со затворениот патен правец во Албанија поради оштетување на мост ќе бидат пропуштани товарни моторни возила (празни и полни) од албанска страна на граничниот премин Блато.  Фитосанитарниот преглед за товарните возила ќе може да се направи до […]

Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот


Сите граѓани кои планираат новогодишната ноќ да ја поминат во Албанија или патуваат кон западниот сосед, треба итно да ја променат својата рута. Патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ е во целосен прекин веќе повеќе од 24 часа. Причината е превртена цистерна која го попречила коловозот. Од СВР Охрид за МИА информираат дека иако […]

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца


Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ. Од вчера, од 15:00 часот, има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на […]

One Stop Shop концептот и на Ќафасан-Ќафтане


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. „Со министерот Хоџа разговаравме […]

За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници


На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско – албанската граница, кај Струга, од 30 јули до 4 август регистрирани се над 70 илјади патници, што е за 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. – Поради летната туристичка сезона и пристигнувањето на иселениците во родните места, во двете земји, нивниот број е во постојан […]

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Македонија


 На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината […]

До есен ќе заврши реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на јавното претпријатие државни патишта, Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, денеска извршија увид во градежните работи на рехабилтација на регионалниот пат Струга – Ќафасан. Рехабилитацијата, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, се реализира во должина од 19,3 километри, на потег од […]

На „Ќафасан“ уапсени седум лица, дозволиле или вршеле шверц на стока од Македонија


 На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.    – Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување […]

Забрана за камиони на патните правци Кичево – Стража, Гостивар – Стража, Струга – Ќафасан и Маврово – Дебар


Поради обилни снежни врнежи, утрово од 08:30 часот е воведена забрана за товарни моторни возила на патните правци Кичево – Стража и Гостивар – Стража. Збрана за сообраќај на камниони има и на патот Маврово – Дебар, како и на патниот правец Струга-Ќафасан, соопшти АМСМ. Сообраќајот на другите патишта се одвива непречено. Снег паѓа во […]

Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Ќафасан


Сообраќајот пред граничниот премин Ќафасан на магистралниот пат А2 кон Република Албанија е нормализиран, информира АМСМ.Сообраќајот е нормализиран од 17:50 часот. Како што претходно соопшти АМСМ, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево во 17.05 часот го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан.

Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан


Околу 50 симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ попладнево во 17.05 часот го блокираа патот пред граничниот премин Ќафасан, информира денеска Авто-мото сојузот на Македонија. Како што соопшти АМСМ, блокиран е магистралниот пат А2 кон Република Албанија