Ѕвездата од „Сексот и градот“ во трка за гувернер на Њујорк


Американската актерка и активистка Синтија Никсон, најпозната по улогата на Миранда во „Сексот и градот“ денеска соопшти дека ќе се кандидира за гувернер на сојузната држава Њујорк. Таа ќе се спротистави на актуелниот гувернер Ендрју Куомо во борбата за номинација од Демократската партија.  

(ВИДЕО) Во Њујорк се отвора Музеј на шпионажа


Музејот Спајскејп се отвора утре во Њујорк, а посетителите ќе можат да добијат податоци за историјата, и за тоа какви видови шпионажа постојат. Посетителите на Музејот ќе имаат можност да научат за иднината и сегашноста на шпионажата, од машината за обработка на шифри од Втората светска војна до најпознатите шпионски имиња и нивните потфати. Изложбата […]

Њујорк го тужи студиото на Вајнстин затоа што не ги заштитило вработените


Државата Њујорк ја тужеше компанијата „Вајнстин“ поради сомнеж дека студиото не ги заштитило вработените од продуцентот Харви Вајнстин, кого многу жени го обвинија за сексуално вознемирување или силување. Њујоршкиот обвинител Ерик Шајдермен изјави дека поднел тужба против компанијата, како и против Харви и Роберт Вајнстин. Вајнстин, коосновач на студиото „Мирамакс“, беше еден од највлијателните холивудски […]

Нова рунда разговори за името на 17 јануари во Њујорк


Новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк, потврдија од МНР за МИА. Предвидено е медијаторот на ОН Метју Нимиц да се сретне со преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во […]

Видео од терористичкиот напад во Њујорк


Камерите за видеонадзор го забележаа моментот на активирање на експлозивната направа на Менхетен. Имено, како што беше претходно соопштено, експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен. CCTV footage shows the pipe bomb explodes in Midtown Manhattan, NYC pic.twitter.com/05WFv06RMl — People’s Daily,China (@PDChina) December 11, 2017 Според телевизијата […]

Обид за терористички напад: Во експлозијата на автобуска во Њујорк повреден само бомбашот


Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен. Според претставник на њујоршката полиција, се работи за обид да се детонира бомба при што бил повреден само бомбашот. Според телевизијата Си-би-ес, напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело.  Едната од бомбите експлодирала додека […]

Експлозија на бомба на автобуска станица во Њујорк


Експлозија одекнала утринава во Њујорк, на една од главните автобуски станици во централниот дел на Менхетн. Полицијата информираше дека реагира на терен и дека сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата. Според телевизијата Ен-би-си, најмалку едно лице е повредено, а неколку метро-линии се во прекин поради експлозијата.

Њујоршката полиција трага по човек што влета со автомобил во луѓе


Полицијата е во потрага по возач кој со автомобил влетал во луѓе при што убил една жена и повредил три други лица. Инцидентот се случил пред ноќен клуб во Квинс утрово, јави Си-Би-Ес. Две од трите повредени лица се во критична состојба, соопшти полицијата. Полицијата е во потрага по напаѓачот и се обидува да дојде […]