Ресторани и кафулиња се затвораат еден по друг: угостителите во паника


Угостителството во Љубљана во моментов се соочува со големи предизвици. Цените на оброците се превисоки за посетителите, додека сопствениците на кафулиња и ресторани сметаат дека нивните приходи не се доволни. Главните причини за оваа диспропорција лежат во скапите суровини, проблемите со наоѓање и задржување на работна сила и нереалните очекувања од сопствениците брзо да остварат […]

Возач на автобус избоден во центарот на Љубљана, се бори за живот. Напаѓачот е уапсен


Возач на автобус е тешко повреден во напад во центарот на Љубљана денес. Сторителот избегал од местото на настанот кај Баварската палата, но по обемна полициска потрага, 37-годишниот осомничен бил уапсен околу 20 часот, објавува словенечкиот портал 24ur.com. По нападот, сите достапни полицајци и истражители на местото на настанот веднаш излегле на местото на настанот, […]

Љубљана – метропола на пчелите


Ако пчелите исчезнат од планетата Земја, луѓето како вид имаат само уште четири години живот, предупредил познатиот научник Алберт Ајнштајн. За жал, не го сфативме сериозно. Бидејќи овие мали, но вредни работници, кои се исклучително важни за нашиот екосистем, ги има сè помалку и помалку. Главните причини за ова се прекумерната употреба на пестициди во […]

Жител на Кочани пронајден мртов во Љубљана


До македонската амбасада во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи. Од таму велат дека согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. […]

Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје


Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје. Остваривме извонредна и пријателска средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, господинот Зоран Јанковиќ, истакна Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје. „Средбата помина во пријателска атмосфера, при што разменивме значајни искуства и визии за идната соработка помеѓу Скопје и Љубљана. Добив драгоцени совети и поддршка од […]

Љубљана гради 2.000 станови. Целта е цената на метар квадратен да се спушти на 3.000 евра


Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да почне изградбата на дополнителни 2.000 станови за пазарот, па понудата на станови во иднина би требало да предизвика пад на цените, на 3.000 евра за метар квадратен. без данок, пренесува Anadolu. Според неговата проценка, само на вертикалата помеѓу улицата „Руски Цар“ […]

Убиени двајца во Љубљана, убиецот во бегство


Нешто пред 15 часот љубљанската полиција добила информација за пукање. Според последните информациите две лица загинале, а сторителот е во бегство. Полицијата сѐ уште трага по него. Полицијата веќе го обезбеди местото на настанот, каде прибира информации за настанот. Сѐ уште се трага по сторителот кој по пукањето побегнал. Полицијата првично извести дека се повредени […]

Субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгард, Салцбург и Љубљана


Со субвенции од Владата, германската авиокоманија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии што […]

Казни за сексизам на Балканот


Многу сексистички изјави на Балканот остануваат без последици, но некои за јавно изговорен збор платиле парична казна, некои со затвор или со оставка од функцијата. Поранешниот градоначалник на Копер во Словенија, Борис Поповиќ е осуден на затворска казна во траење од шест месеци, условно на две години, поради сексистички изјави против новинарката Еугенија Карл. Поповиќ, […]

Скопски „Водовод“ ќе учи од колегите од Љубљана


  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе користи искуства од колегите од Љубљана како да управува со колекторскиот систем за собирање на отпадни води кој следниот месец треба да почне да се гради во Скопје. Ова, меѓудругото, било договорено на средбата во Љубљана помеѓу директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски и Криштоф Млакар, […]

Љубљана: Пронајдена отсечена човечка рака во кутија за прва помош


Словенечката полиција го испитува случај на можно убиство откако во кутијата за прва помош беше пронајдена отсечена човечка рака, јавуваат словенечките медиуми повикувајќи се на неофицијални извори. СТА јавува дека отсечената рака ја пронашле случајни минувачи во близина на реката Љубљаница на улицата Кашељска, на периферијата на словенечкиот главен град.

Мирослав Масин изложува во Љубљана


Во галеријата Кос во Љубљана вечер ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот академски сликар Мирослав Масин. Ќе бидат изложени дела од циклусот „Enchantè“ работени последниве четири години. „Enchantè“ претставува сублимат на поранешните циклуси на Масин. Изложбата во Љубљана е организација на Младинскиот културен центар – Скопје, со поддршка на Министерството за култура на РМ, […]