СП 2026: Почина репрезентативец на Јужна Африка


Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата држава на Мундијалот. Настапи на три натпревари во групната фаза, но не играше во 1/16 финалето против Канада. Веста за смртта ја потврди и семејството, како и фудбалската федерација. Причината за смртта не е позната, […]

Канада ја победи Јужна Африка во судиското продолжение и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство


Канада синоќа  ја победи Јужна Африка со гол во судиското продолжение и се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство 2026. Натпреварот се одигра во Инглвуд, Калифорнија, САД. Единствениот гол го постигна Стивен Еуштакиу во 90+2. минута. Канада за прв пат во својот трет Мундијал стигна до плејофот за Светското првенство. Во осминафиналето северноамериканскиот тим […]

Два гола, три црвени картони: Мексико ја совлада Јужна Африка на отворањето на СП 2026


Во воведниот натпревар на 23. Светското фудбалско првенство, домаќинот Мексико ја совлада вечерва Јужна Африка со 2-0 (1-0) пред 85.000 гледачи на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити во рамки на групата А. Мексиканската репрезентација тргна офанзивно од самиот почеток и веќе во 9. минута дојде во водство со голот на Кињонес, кој искористи грешка во […]

Трамп му покажа на претседателот на ЈАР видео од „гробница на белци“, што всушност е споменик


Доказите за наводни масовни убиства на бели Јужноафриканци што американскиот претседател Доналд Трамп ги презентираше на состанокот со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во Белата куќа во среда вклучуваа слики од Демократска Република Конго, додека снимките прикажани за време на состанокот беа лажно претставени како да прикажуваат „масовни гробници“. „Сите овие се бели земјоделци кои се […]

САД прифатија бели бегалци од Јужна Африка кои наводно биле расно дискриминирани


Група од 59 белци (африканери) од Јужна Африка пристигнаа синоќа на аеродромот Дулс во близина на Вашингтон со чартер лет финансиран од владата на САД, откако добија бегалски статус од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Африканери се нарекуваат потомците на холандски доселеници кои живеат во Јужна Африка. Групата замина од Јоханесбург во неделата навечер и […]

Почна судењето на Израел за геноцид во Хаг по тужбата на Јужна Африка


  ХАГ – Од  континент далеку од борбите меѓу Израел и Хамас, Јужна Африка им рече на судиите во највисокиот суд на Обединетите нации во четвртокот дека Израел изврши геноцид во Газа и побара судот итно да му нареди на Израел да ја запре својата воена операција. Израел жестоко ги отфрли ваквите аргументи. Јужноафриканските адвокати […]

Русија ја предупреди Јужна Африка дека апсење на Путин би значело „објавување војна“


 Москва ја предупреди Јужноафриканската Република (ЈАР) дека апсењето на рускиот претседател Владимир Путин би било еднакво на „објавување војна“, јави ДПА, повикувајќи се на писмената изјава објавена синоќа од јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. „Русија јасно стави до знаење дека апсење на нејзиниот актуелен претседател ќе биде еднакво на објавување војна“, напиша Рамафоса во својата изјава […]

Ја преминав линијата: Американскиот амбасадор во ЈАР за тврдењето дека земјата ја вооружува Русија


Американскиот амбасадор во Јужноафриканската република (ЈАР) призна дека „ја преминал границата“ кога рече дека земјата ја снабдува Русија со оружје. Рубен Бриџети предизвика дипломатска „криза“ претходно оваа недела кога рече дека верува оти рускиот брод Лејди Р натоварил оружје во земјата во декември, минатата година. Одделот за надворешни работи сега „безрезервно се извинува“ за таквите […]

Дождовите и поплавите во Јужна Африка однесоа над 400 животи, илјадници останаа без покрив над главата


Дождовите и поплавите во Јужна Африка, во кои оваа недела загинаа околу 400 луѓе, а илјадници останаа без покрив над главата, денеска повторно ги загрозуваат источните делови на земјата, принудувајќи многу граѓани да се засолнат во социјалните центри и градските објекти. Временската непогода, која остави најмалку 40.000 луѓе без струја, вода и покрив над главата, […]

Јужна Африка: Бранот на Омикрон можеби го достигна врвот


Јужна Африка– Јужноафриканската Република го укина правилото за ноќен полициски час, а властите велат дека земјата можеби излегла од врвот на четвртиот бран на зараза со Ковид-19. Во владиното соопштение се вели дека варијантата омикрон, иако е многу пренослива, има пониски стапки на хоспитализација од претходните бранови и има маргинално зголемување на смртните случаи. Омикрон првпат се појави во […]

Претседателот на Јужноафриканската Република позитивен на Ковид-19


Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопштија од неговиот кабинет. Тој се наоѓа во самоизолација во Кејптаун, а должностите во текот на неделата му ги додели на заменикот Дејвид Мабузи. Рамафоса (69) бил вакциниран со две дози вакцина против Ковид-19. Во соопштението не се наведува дали е заразен со […]

Во Јужна Африка нема знаци на развој на тешки форми на Ковид-19 од новиот сој омикрон


Јужна Африка– Јужноафриканските научници денеска соопштија дека сè уште нема видливи знаци дека сојот омикрон на коронавирусот предизвикува потешка болест. Јужна Африка кон крајот на минатиот месец го предупреди светот за новиот сој на коронавирусот, што го доби името омикрон, зголемувајќи го алармот дека многу мутираната варијанта може да предизвика нов раст на глобалните инфекции. […]

Почина Вини Мандела


Поранешната сопруга на првиот претседател црнец на Јужна Африка, Нелсон Мандела, Вини Мандела, почина на 82-годишна возраст, соопшти денеска нејзиниот личен асистент. Вини Мандела, заедно со нејзиниот поранешен сопруг и бискупот Деземонд Туту, беше една од најпознатите борци против апартхејдот во Јужна Африка. Вини Мадикизела Мандела е родена во местото Бизана на 26 септември 1936 […]

Судот во Јужна Африка ја зголеми казната за Писториус од шест на 13 години


Судот во Јужна Африка го зголеми времетраењето на затворската казна за Оскар Писториус од шест на 13 години. Параолимпиецот е осуден за убиство на неговата девојка Рива Стенкамп во февруари во 2013 година. Минималната законска казна за убиство во Јужна Африка е 15 години што сега ја доби Писториус, но притоа во предвид се земени […]