Се поставува нова водоводна мрежа на бул. „8 Септември“


Започна изведбата на новата водоводна мрежа, на бул. „8 Септември“, инвестиција на „Водовод и канализација“ – Скопје и Град Скопје. За реализација на овој проект изведувач на градежните работи е Град Скопје, а изведувач на монтажните работи ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за што е предвидена употреба на дуктилно лиено железни цевки, со профил […]

Без вода неколку улици во Ченто и во Кисела Вода


Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати“ број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што додаваат оттаму, без вода поради уличен дефект на ф100 милиметри на улицата „Вера Јосиќ“ […]

Поради дефект без вода корисиците на Ченто


Поради уличен дефект ф-80 мм на улица „Кожув“ 18, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Кожув“, „Сава Михајлов“, „Тодор Чапов“, „Тодор Ецов“ и „Томас Минцер“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

ССМ: Сметката на Водовод блокирана, вработените под постојан притисок од в.д. директорот


Вработените во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје алармираат дека се под постојан притисок од в.д директорот Марјанче Митовски кој кулминира со последното писмо кое го испратил до сите вработени во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје со кое се става над Управниот одбор во претпријатието и упатува порака до вработените дека не смеат да ги почитуваат […]

„Водовод“ прво со медијација, па со штрајк ќе ги решава проблемите


СУДКОМ и ССМ предупредуваат дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, треба да ги спречат сите незаконски активности на в.д директорот Марјанчо Митовски поради што истите можат да значат значителна материјална и финансиска штета за јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје. – Согласно сите законски прописи тој не ги исполнува условите да биде на јавна […]

Во среда конечна одлука за штрајк на синдикатот на „Водовод и канализација“


Синдикалната организација на СУТКОЗ при „Водовод и канализација“ донесе одлука за користење на правото на штрајк. Од Сојузот на синдикати на Македонија, информираат дека одлуката е донесена едногласно на вчерашната седница, а се очекува да биде потврдена во среда на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ. Потоа ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика […]

Разрешен директорот на „Водовод“ поради самоволие при избор на изведувач за пречистителната станица


Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден […]

Наплатниот пункт на ЈП „Водовод и канализација“ со скратено работно време


Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот, а наплатниот пункт во Сарај нема да работи, информираат од претпријатието. – ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје. Согласно вашите потреби контактирајте нѐ […]

Неколку амбасади во Скопје ќе останат без вода


Поради промена на затвoрач (шибер) од ф-50мм на ул. „376“, расрксница со ул. „Максут Садик“ Општина Чаир, без вода за пиење од 9.30 часот ќе бидат американската амбасада, турската амбасада, албанската амбасада и косовската амбасада, известија од ЈП „Водовод и канализација“. Од истите причини и во истиот период без вода за пиење ќе бидат и […]

Шилегов: Во ЈП „Водовод“ ангажирани се 13 адвокати и 12 нотари, порано еден ги земаше парите


Во ЈП „Водовод и канализација“ ангажирани се 13 адвокати и 12 нотари, за разлика од порано кога само еден нотар и двајца адвокати ги вршеле сите работи, информираше градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање на советникот Михајло Маневски. Тој се интересираше колку луѓе се избркани од работа во ова претпријатие, на колку не им […]

„Тепачка“ за плаќање на долговите за вода на рати


Пунктовите на ЈП „Водовод и канализација“ деновиве се преплавени од граѓани кои сакаат да си ги подмират долговите на рати. Оваа можност, раздолжување и тоа без камата, претпријатието го овозможи од 1 април и ќе трае до 15 мај. „Во период од 3 до 12 април, склучени се вкупно 114 договори за отплата на рати. […]

Долгот за вода ќе се плаќа на рати и без камати


  Од 1 април скопјани што имаат неплатени сметки кон ЈП „Водовод и канализација“ ќе можат да се раздолжат на рати. Ваква одлука неодамна донел управниот одбор на претпријатието со цел да ја зголеми наплатата, а истовремено да им излезе во пресрет на граѓаните. Бројот на ратите ќе зависи од висината на долгот. На две […]

СЈО и ревизори го „чешлаат“ ЈП „Водовод и канализација“


Специјалното јавно обвинителство, ревизори и други институции го проверуваат работењето на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје, открива во интервју за телевизија 24, директорот Душко Весковски. Меѓудругото, истакна дека адвокати и нотари остварувале солидни финасиски бенефити од претпријатието, се делеле бонуси за навремено доаѓање на работа, па дури и дека имало апсурдни вработувања. „Стоматолог бил вработен во лабараторија на […]

Скопски „Водовод“ ќе учи од колегите од Љубљана


  Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе користи искуства од колегите од Љубљана како да управува со колекторскиот систем за собирање на отпадни води кој следниот месец треба да почне да се гради во Скопје. Ова, меѓудругото, било договорено на средбата во Љубљана помеѓу директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски и Криштоф Млакар, […]

Скопските јавни претпријатија добија нови директори


Јавните претпријатија „Водовод“, „Улици и патишта“ и ЈСП добија нови директори. Во Фотелјата на „Водовод“ седна Душко Весковски. Сенад Смаиловиќ е нов директор на ЈП „Улици и патишта“, а Кристијан Чушков е прв човек на Јавното сообраќајно претпријатие. Тројцата директори доаѓаат се од СДСМ.