Јовески: ЈО има потреба од млади и одговорни кадри


Во рамки на одбележувањето на 31 Март – Денот на македонското правосудство, јавниот обвинител Љубомир Јовески утрово оствари средба со учениците од Средното економско-правно училиште „Арсени Јовков“ од Скопје, кои оваа учебна година посетуваат практична обука во Јавното обвинителство. Како што информира Јавното обвинителство, во разговорот Јовески им појасни на учениците дека овој датум се […]

Јовески: Има напредок во борбата против корупцијата, но има уште работа


Скокот на Северна Македонија за една година за 24 места на индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнел покажува дека има напредок во борбата против корупцијата, но мора да се биде искрен и да се признае дека во овие извештаи се нотираат и определени дејствија или активности што треба да ги преземе државата и […]

На Јовески му се заканува „терористичка организација која се бори и убива за неправда“


Јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера добил закана по неговиот живот поради конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година. Заканата, која била испратена преку препорачана пратка и напишана на македонски и англиски јазик, како што велат од Обвинителството била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“. – Јавниот […]

ОЈО Скопје постапува по кривичните пријави на Боки -13, вели Јовески 


На Бојан Јовановски (Боки 13) во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки -13 во кое има серија обвинувања и напади за криење докази. […]

Јовески : Обвинителството не постапува селективно и не подлегнува на политички влијанија


Не ја делам оценка дека Обвинителството постапува селективно и дека подлегнува на политички влијанија. Доколку Обвинителството е под политички влијанија, веројатно немаше да отвори предмети против носители на јавни функции, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА. -Јас повеќе пати сум нагласил дека не ја делам таквата оценка и секогаш ја илустрирам […]

Јовески : Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков


Да не се прифати понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше ставот на Обвинителството во постапка што се водеше. Овој став, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, произлегува од неколку причини. Не мало значење, според него, има и податокот дека за дел на имотот претходно е […]

Јовески: Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година


Кадровските капацитети – клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година, оцени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. На средбата, која поради КОВИД пандемијата и оваа година се одржа онлајн, од ЈОРСМ соопштија дека обвинителите ја анализирале годината што изминува и разговарале за идните […]

Јовески ќе ги потпише платите за СЈО


Околу 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство и натаму ја чекаат септемвриската плата откако шефицата Катица Јанева беше разрешена, па немаше кој да ги потпишува решенијата. „Министерството за правда го испрати решението во Собрание и очекуваме истото да се стави на седница. Со Законот републичкиот обвинител ќе добие овластување да одлучува за распределба на вработените, […]

Јовески за „Независен“: Најважно е предметите да бидат „живи“


Државниот обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“, вели дека сѐ уште е рано да се разговара кој од обвинителите ќе ги преземе предметите на Специјалното јавно обвинителство, односно дали е можно по нив да продолжат да постапуваат специјалните обвинители. „Тоа се технички прашања. Важно е и да се види дали партиите ќе успеат […]

Јовески за „Независен“: Обвинителката Стефанова повикана на распит


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“ денеска потврди дека обвинителката Лиле Стефанова е повикана на распит. Таа го водеше случајот „Империја“ со Орце Камчев. Деновиве, во јавноста протекоа неколку снимки што ја компромитираат нејзината улога. Нејзината шефица, Катица јанева и натаму не е повикана на распит. (Г.А.)

Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека секој инволвиран во случајот „Рекет“ ќе биде распитан. Во изјава за „Независен весник“, тој вели дека истрагата работи на обезбедување докази, по што ќе нема поштеда за никого. „Како што е познато, во тек е истражната постапка за овој случај. Истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да […]

Јовески за „Независен“: Снимката не е излезена од Обвинителството


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески тврди дека денешната снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“, на која, наводно, се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев не протекле од Обвинителството. „Можам да ви кажам дека снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, вели Јовески […]

Интервју со обвинителот Јовески: Знаеме како се обезбедени парите за „Рекет“


Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден, порачува републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во интервју за „Независен весник“. Тој открива некои детали за истрагата за најновиот случај „Рекет“, за сметките на бизнисменот сведок и за проширувањето на истрагата. Освен за истрагата, Јовески зборува и за тоа како треба да се реши статусот на […]

Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава


Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија. Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против […]

Јовески: Се прибираат докази за несреќата кај Ласкарци


Обвинителството не може конкретно во овој момент да ја посочи одговорноста на лице за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, се прибираат докази и во оној момент кога ќе ги обезбедат вештачењата и сообраќајното и техничкото ќе донесе соодветна обвинителска одлука, информираше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната заедничка прес-конференција со обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство […]

Јовески: Сменете ме или оставете ме на раат!


„Апелирам до политичките партии да не вршат притисок и да не се мешаат во вршењето на јавно-обвинителската работа, како што е случајот деновиве. Обвинителите својата работа ја вршат и одлуките ги носат и ќе ги носат исклучиво врз основа на одредбите од законот и изведените докази. Со моето доаѓање на функцијата Јавен обвинител на Република […]