ЗХГ: Советот на Град Скопје дозволи наплата на паркинг во дивоградба што во Катастар се води како деловен простор


Мнозинството во Советот даде дозвола да се наплаќа паркирање во дивоградба, веројатно пост-фестум легализирана по едно евро квадрат. Објектот за кој дадоа дозвола да наплаќа паркинг во имотен лист не се води како Е2 Катна гаража, туку се води како Б4 Деловни простории, велат од Зелен хуман град. „Според Катастар објектот е во сопственост на […]

Поради дефект без вода дел од корисниците од булеварот „Јане Сандански“


Поради дефект на затворач од Ф-80 мм на булевар „Јане Сандански“ бр. 103 во населба Аеродром, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од број 83 до 107 на Булеварот и Градинката. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до санирање на дефектот. 

„Кога падна на Пирина“- „Некст Тајм“ го промовираа филмскиот спот за песната за Јане Сандански


Во „Кино Милениум“, после подолга пауза, синоќа дуото „Некст Тајм“ ја промовираше обработката на народната песна „Кога падна на Пирина“ и видео-записот за истата. Старата македонска песна ја опејува смртта на Јане Сандански, а музичкиот спот на Некст Тајм е како краток филм за овој историски настан. За аранжманот на песната се погрижи Николче Мицевски. […]

Пред СЦ „Јане Сандански“ нападнати вработен во Агенција за обезбедување и двајца полицајци


Двајца скопјани вчера попладне физички нападнале вработен во Агенција за обезбедување на влезот  во спортскиот центар „Јане Сандански“, а при интервенција биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица. – Во спортскиот центар „Јане Сандански“, на влезот од салата, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на кошаркарските клубови „МЗТ-Скопје“ и „Работнички“ синоќа околу […]