СОНК нема да учествува на работничкиот протест на 1 Мај, го одбрале патот на преговори


Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача дека синдикатите на образованието, науката и културата нема да се приклучат на работничкиот протест, организиран од ССМ, на 1 Мај – Денот на трудот. Вели дека протестот го организира друг сојуз и дека го одбрале патот на социјален дијалог и преговори и дека резултатите ги постигнуваат на маса. […]

СОНК до денеска сакал да ги потпише колективните договори, но ќе се доцни 2-3 недели


Новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта, беше тема на разговор на денешната работна средба во просториите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) меѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК Јаким Неделков. За голем број од точките за кои се преговара, како што истакна […]

(Во живо) Прес-конференција на Шаќири и Неделков


Средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири со претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и претставници на Solidarity Center, најголемата меѓународна организација за заштита и унапредување на работничките права со седиште во САД, како и претставници на Американската федерација на наставници.

СОНК се жали на селективни постапки на судии за наставници


Околу 1.700 наставници, чии договори истекуваат до крајот на август, чекаат да им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време. Во исто време, преку канцеларијата на адвокатот Ванчо Шехтански се водат 120 судски постапки, тужби, по основ на трансформација, бидејќи по истекот на  договорите, вработени во основното и средното образование но и во […]

СОНК: Да се најде решение за вработените во градинките


Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК) бара од надлежните институции да се реши проблемот со вработени во градинките на кои не им се продолжени договорите за работа. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека иако се дадени согласности од Министерството за труд и социјална политика, договорите на поголем број лица не се продолжени, […]