Инспекторатот за јазици ќе биде под Министерство за правда, за да може да земат плата


Денеска премиерот Христијан Мицкоски заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализирале средба со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи и дел од вработените, со цел Владата да изнајде решение за исплата на заостанатите плати на вработените во горенаведениот Инспекторат кои веќе 5 […]

Меџити: Законот за употреба на јазиците е тема поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ


Јавноста дискутира за законот за употреба на јазиците поради нецелосните решенија и досегашните политики кои ги водела Демократската унија за интеграција (ДУИ), оцени денес владиниот потпретседател и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Ова е негов став даден по барање на новинарите на настан во Тетово, а по денешното соопштение на ДУИ […]

Малцински јазици: Во Германија не се зборува само германски


Во Германија не се зборува само германски јазик. Седум регионални и малцински јазици во земјата се под посебна заштита. Весници, радио и телевизиски емисии, дури и сопствени училишта и образование – признатите национални малцинства во Германија се обидуваат да ги одржат во живот своите разнолики јазици. Во Германија има вкупно четири признати малцинства: данското малцинство, […]

Во светот 1.500 јазици се под закана од исчезнување


Во светот има околу 7.000 признати јазици, но многу од нив наскоро може засекогаш да исчезнат, пишува ДПА. Според една студија од Австралија, околу половина од сите јазици се загрозени, а 1.500 би можеле да исчезнат до крајот на векот. – Без интервенција, губењето на јазиците може да се зголеми тројно во рок од 40 […]

Османи: Џафери го потпиша Законот за јазици, вечерва или утре во Службен весник


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери  го потпишал Законот за јазици и се очекува вечерва или утре тој да се објави во Службен весник, изјави вицепремиерот Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Законот за употреба на јазиците предвидува преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и […]

Мицкоски: Ахмети турка еднонационална агенда


Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад протестите за Законот за јазици. Одговорајќи на новинарско прашање, не откри кога ќе почнат протестите што ги најавува неговата партија. Мицкоски во изјавата на Али Ахмети дека Законот за јазици ќе биде донесен со или без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, препознава форсирање еднонационална агенда, […]

Џафери: Со непотпишување на указот, Иванов го крши Уставот


Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека е личен избор на претседателот Ѓорге Иванов  дали ќе го потпише Законот за јазици, но со непотпишување на указот претседателот го крши Уставот зашто, рече, доколку мнозинството го изгласа по вторпат законот, претседателот е должен да го потпише. Во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на ТВ Телма Џафери рече […]

Кои европски земји имаат повеќе службени јазици?


Доколку Законот за јазици што завчера попладне беше изгласан во Собранието стане официјален, Македонија влегува во групата на десетина земји во Европа каде што има повеќе од еден службен јазик. Листата ја предводат Швајцарија (германски, француски, италијански и романш што се зборува во одредени делови од земјата) и Холандија (холандски, фризиски, саксонски и папиаменто, плус […]

Пет пратеници од СДСМ и коалицијата, Зијадин Села, Африм Гаши не гласаa за Законот за јазици


Пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласаа за Законот за јазиците, покажуваат собраниските листинзи. Според листингот, не гласале ни Зијадин Села, лидер на Алијансата на Албанците, ни Африм Гаши, лидер на Движењето Беса. Собранието денеска  го изгласа Законот за употреба на јазиците без да ги разгледа […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за Законот за јазици и бара амандманска расправа


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на утрешната седница на Собранието, на која треба да се донесе законот за јазици, но лидерот на партијата бара разгледување на нивните амандмани и отворање на амандманска расправа. Ова денеска од Струмица го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозициската партија за учеството […]

Тимоние: Законот за јазици не е приоритет за Европската Унија


„Не беше пожелно да му стави европска етикета на Законот за јазици“,  изјави амбасадорт на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние во интервју за „Макфакс“. Амбасадорот одговарајќи на новинарско прашање за блокирањето на Собранието со над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, рече дека тој не бил почнат на најсоодветен начин. „Собранието не функционира […]

Политики за во контејнер


Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ очигледно има бујна фантазија. Тоа не можеше да остане незабележано деновиве кога опозициската партија прво успеа да измисли дури 35 илјади амандмани за само 19 члена од законот за употреба на јазиците, за потоа да одекне во јавноста и пикантната приказна дека дел од тие амандмани биле, наводно, фрлени во контејнери […]

Тензична расправа за законот за јазици-Прекината седница на Комисијата


Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-законот за употреба на јазиците, но нема да расправа за амандманите, туку тоа ќе го стори на 25 декември. Министерот за правда Билен Салиу одби еден од амандманите на Беса. Седницата на Комисијата беше прекината откако претседателот на Комисијата Артан Груби не им даде […]