Четворица обвинители бараат на обвинетиот за „случајот Алмир да му се суди за убиство


Четворица јавни обвинители од Јавното обвинителство, Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта се против пресвртот што се случи вчера на судењето за случајот со малиот Алмир. „Со преквалификацијата на кривичното дело Убиство во кривично дело од областа на сообраќајот е сторено повреда на основните начела на законот за јавното обвинителство како што […]

Обвинителството постапува за заканите кон Селмани


Скопското Јавно обвинителството ќе постапува по случајот за заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани – Во Основното јавно обвинителство Скопје на 9 март примено е писмено известување од СВР Скопје – Единица за насилен криминал и веднаш е распоредено кај надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот, велат за […]

Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР


Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и му определи мерки на претпазливост на Д.С., вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување службено дејство. Како што соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија, надлежен јавен обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, […]

ЈО: Се истражуваат причините за смртта на лицето пронајдено на патот Велес – Градско


Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈО) информира дека се истражуваат причините за смртта на лицето што вчера околу 18 часот беше пронајдено на средина на коловозот на регионалниот пат Велес – Градско. По идентификацијата, како што информираат од ЈО, утврдено е дека починатото лице е Д.В., триесет и тригодишен жител на село Аџиматово, општина Лозово. […]

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“


Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе. […]

Како се местеле предмети кај судии – Обвинителството отвори предистрага


Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите во АКМИС системот по судовите. Предистражната постапка е отворена врз основа на извештајот од експертската група на Министерството за правда од напаравените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот суд и во други судови. Претседателот на Здружението на судии Џемали Салити денеска […]

Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“


Од Основното јавно обвинителство- Скопје информираат дека по допрен глас е отворен предмет за работењето во депонијата „Дрисла“-Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. „Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци […]

Приведен уште еден од групата на Нинџа за „крвавиот четврток“ во Собранието


Уште едно лице осомничено за настаните од 27 април во македонското Собрание е приведено. Според обвинителството, станува збор за Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница.   На Додевски и на останатите осомничени кои се бараат со потерници им е определен притвор. Делото за кое се сомничат […]

Јовески: Обвинителите да бидат првите заштитници на правната држава


Јавните обвинители во основите јавни обвинителства се столбовите на обвинителската организација и тие треба да се првите заштитници на правната држава и на почитувањето на човековите права. Ова им го порачал државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на колегите од Основното јавно обвинителство Скопје на средбата одржана пред новогодишните празници, веднаш по неговиот избор во Парламентот. […]

Јовески: Многу често само јас се спротивставував на одлуките на Советот на јавни обвинители


Имаше членови што остро се спротивставуваа на седниците на Советот на јавни обвинители за одредени одлуки, а еден од нив бев јас. За голем дел од прашањата при гласањето останував сам или во најдобар случај имав поддршка од само уште од еден колега, порача вечерва во „24 Анализа“ новиот јавен обвинител на Република Македонија Љубомир […]

Oсомничените кои беа во куќен притвор, синоќа повторно приведени


Кривичниот совет, според неофицијални информации , ги прифатил жалбите на Јавното обвинителство за домашниот притвор на двајца осомничени за  настаните на 27 април во Собранието и тие се приведени. Одредени медиуми јавуват дека М.П. од Кавадарци, поранешен раководител на одделот за посебни единици во полицијата и Е.Д.Б, секретарката на поранешниот претседател на Собранието вечерва се […]