Николоски ја обвини Шекеринска дека со судска пресуда сакала да го укине ВМРО-ДПМНЕ


  Жестока вербална престрелка се случи во Собранието меѓу вицепремиерот Александар Николоски и пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на расправата за избор на нов јавен обвинител, наследник на Љупчо Коцевски. Николоски во својата реплика ја обвини претходната власт дека го контролирала правосудството и штитела партиски кадри. „Претходниот обвинител не решаваше предмети, не постапуваше и ги […]

Владата донесе одлука за разрешување на Коцевски, направил многу грешки


  Изгледа доаѓа крајот за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Владата на денешната седница усвоила предлог за негово разрешување и ќе го достави до Собранието. Портпаролката на Владата, Марија Митева, попладнево во изјава за медиумите рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била привремено […]

Коцевски за „Политика“: Неприфатлива е политичката злоупотреба на трагедијата во Кочани


Оваа трагедија има димензии на национална катастрофа. На политиката не само што не и е тука место, туку таквата злоупотреба на трагедијата е апсолутно недопустлива. Мора да бидеме обединети, затоа што наш заеднички цел е да ги казниме сите одговорни и да обезбедиме дека ваква трагедија никогаш повеќе да се повтори, изјави државниот јавен обвинител […]

Одлуката да се разреши Коцевски не била само правна, туку и морална, вели министерот за правда


Министерот за правда Игор Филков осврнувајќи се на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека негова оставка би била логичен и неопходен чекор за зачувување на интегритетот на правосудниот систем доколку е нарушена довербата или ако има доволно аргументирани причини за неговата одговорност. -Овие резови, реформи и трансформации нема да бидат […]

Новиот јавен обвинител Коцевски ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието


Новиот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. Собранието завчера едногласно со 62 гласа „за“ го избра Коцевски за нов државен јавен обвинител. Коцевски беше предложен како единствен кандидат за нов државен јавен обвинител откако обвинителката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот на јавни […]

Соња Симовска избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство на РСМ


Советот на јавни обвинители денеска ја избра обвинителката Соња Симовска од Државното јавно обвинителство за вршител на функцијата државен јавен обвинител. Како што образложи претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, која ја предложи Симовска, се работи за јавен обвинител со долгогодишно искуство во јавното обвинителство. „Соња Симовска е докажана како добар јавен обвинител […]

Советот на ЈО ќе избира в.д. републички јавен обвинител


Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи деведесет и третата седница, на чиј дневен ред е донесување одлука за определување на вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Мандатот на актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истекува на 25 декември, а постапката за избор на негов наследник е […]

Не успеа првиот обид за смена на бугарскиот јавен обвинител Гешев


Пленумот на Врховниот судски совет на Бугарија вчера не изгласа смена на главниот обвинител Иван Гешев, јави дописникот на МИА од Софија. По дебатата за останување на Гешев на функцијата гласаа 16 члена, а против се изјаснија двајца. Првпат во Бугарија имаше обид за отповикување на главен обвинител. Смена на Гешев беше побарана по 2,5 […]

Црногорски криминалци планирале ликвидација на специјалниот обвинител


Црногорската полиција уапси припадници на криминална група, кои се осомничени за планирање на убиства на повеќе лица, вклучително и на специјалниот обвинител за организран криминал на Црна Гора, Миливој Катниќ. Како што објави подгоричкиот весник „Побједа“ повикувајќи се на извори од истрагата, припадниците на групата извесен период го следеле Катниќ и имале сознанија за неговите […]

Приведени седум лица за шверц на тутун


Полицијата вчера во патничко возило „Форд Транзит“ на магистралниот пат Гостивар – Маврово пронашла и одзела 80 килограми тутун и го привела возачот и шесте патници поради непоседување на документација на тутунот. Како што соопшти МВР, вчера утрото во 8:00 часот на магистралниот пат Гостивар-Маврово од страна на полициски службеници од мобилната единица од Секторот […]

Бебе почина на Нова Година


Новороденче старо само десет дена починало ноќеска, објави полицијата. Според МВР, лекар утрово во 7. 30 часот пријавил дека во село Трипатница, во ромската населба, во семејниот дом, починало новороденче. Смртта настанала околу три часот, веројатно поради задушување. Известен е Јавен обвинител, а телото на новороденчето е предадено за обдукција.

Јовески: Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт


Новоизбраниот јавен обвинител Љубомир Јовевски во свечената изјава се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и оти ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Ќе работи на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство. – Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба во работата на обвинителството пред граѓаните и да се […]

Љубомир Јовески избран за државен јавен обвинител


Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 22. седница со 61 глас „за“, еден воздржан и ниту еден против го избра Љубомир Јовески за државен јавен обвинител. Расправата по неговиот избор и гласањето се одржа без присуство на пратениците од опозицијата. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување. Шеесет […]

Собранието треба да гласа за нов јавен обвинител


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 22. седница на која пратениците треба да гласаат за именување нов државен јавен обвинител, откако на 15-ти овој месец ја завршија расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција. За именување на јавен обвинител, Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот […]

Арта Марку сепак избрана за нов државен обвинител на Албанија


Нов државен јавен обвинител на Албанија е Арта Марку, која и покрај тензичната атмосфера и противењето на опозицијата беше избрана со гласовите на владејачкото мнозинство. Четириесет и едногодишната обвинителка од северниот албански град Скадар беше избрана со 69 гласови и на оваа функција е со привремен мандат. Набргу треба да се конституира новиот Висок совет […]

Собранието ја заврши расправата за нов јавен обвинител, ќе гласа на 22 декември


Собранието на Република Македонија денеска ја заврши расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде нов државен јавен обвинител, а гласањето претседателот на законодавниот дом Талат Џафери го закажа за 22-ри овој месец, пред одржување на седницата за буџетот за 2018 годиона. Во денешната дебата по предлогот Јовески да биде избран за нов државен јавен […]

Наместо за буџетот, пратениците ќе гласаат за Јавен обвинител


Седницата на Собранието на која на дневен ред беше дополнетиот Предлог буџет за 2018 година денеска е преместена за 22 декември. Наместо таа закажано е продолжение на 22. седница на која треба да биде именуван Јавен обвинител, како и реформските закони за правосудството. За денеска беа закажани три седници 26, на која беше Буџетот и […]

В сабота ќе се гласа новиот државен јавен обвинител


Претседателот на Собранието Талат Џафери за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител. Владата му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Постапката за избор на нов јавен обвинител се оддолжи поради локалните избори […]