Јавниот долг на САД расте побрзо од кога било, надмина 40 билиони долари, трошоците за камати експлодираа


Јавниот долг на Соединетите Американски Држави вчера достигна рекордни 40 билиони долари, објави Министерството за финансии на САД. Долгот расте побрзо во последните години, а поради повисоките каматни стапки, трошоците за негово сервисирање исто така нагло се зголемија, пишува Си-Ен-Ен. Мајкл Петерсон, извршен директор на Фондацијата Питер Г. Петерсон, предупреди дека со ова темпо, долгот […]

Јавниот долг е 10,7 милијарди евра, или 58,8 отсто од БДП


Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра, соопшти Министерството за финансии. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот […]

Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029


Владата на предлог на Министерството за финансии, на последната седница, ја усвои Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, со изгледи до 2031 година. Со Стратегијата се потврдува определбата за одговорно и внимателно управување со јавните финансии, одржување  стабилно ниво на јавниот долг и обезбедување средства за реализација на развојните проекти, соопшти Министерството за финансии. […]

ММФ предупредува дека јавниот долг на ЕУ би можел да „експлодира“


Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на […]

Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра


Јавниот долг за само две години е зголемен за 2,5 милијарди евра во апсолутен износ, предупреди поранешниот вицепремиер за економски прашања и пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма.   Битиќи истакна дека јавниот долг не смее да се релативизира и дека е погрешно да се создава перцепција дека […]

Грција го намали јавниот долг за 2,15 милијарди евра


За 2,15 милијарди евра се намалил јавниот долг на Грција за една година и на крајот од 2025 година изнесува 362,8 милијарди евра, наспроти 364,95 милијарди евра на крајот од 2024 година, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Државната агенција пишува дека ликвидните средства на генералната влада, односно целокупниот државен […]

Јавниот долг на крајот на декември изнесуваше 10 милијарди евра, или 59,6 отсто од БДП


 Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 10,064.1 милиони евра односно  59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), објави денеска Министерството за финансии. Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии  и фискална консолидација, а воедно значи […]

ММФ: Глобалниот долг би можел да надмине 123 отсто од светскиот БДП до крајот на деценијата


Светскиот јавен долг би можел да надмине 100% од глобалниот бруто домашен производ (БДП) до крајот на оваа деценија, што би било највисоко ниво на задолженост од 1948 година, по Втората светска војна, според најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според Фискалниот монитор на ММФ, зголемените трошоци за сервисирање на долгот сè повеќе ги […]

Колку се задолжени земјите од Европската унија во 2025 година


Односот на јавниот долг кон БДП во Европската Унија изнесуваше 82% во првиот квартал од 2025 година, што е намалување во споредба со 92% во истиот период од 2021 година. Додека долгот се намалува во Грција и Италија, долгот на Франција се искачи на рекордни 4 билиони долари во септември, при што земјата има најголем […]

Задолженоста во регионот и во Европа — каде е Македонија на листата на најголеми должници?


Македонија дели речиси исто ниво на јавен долг со Црна Гора, Хрватска и Словачка, додека многу членки на Европската Унија се далеку позадолжени. Анализата на порталот Банкар покажа дека, иако е лидер во регионот на Западен Балкан по нивото на задолженост, во европскиот просек, долгот на Црна Гора не е меѓу најголемите. На дното на […]

Јавниот долг на Албанија 54,02 отсто од БДП, најниско ниво во последните десет години


Јавниот долг на Албанија продолжи да се намалува во текот на тековнава година, кој на крајот на јуни, достигнал ниво 54,02% од БДП, наспроти 54,21% на крајот на 2024 година. Ако се претвори нивото на јавниот долг во вредност, на крајот на јуни, тој се проценува на 14,1 милијарди евра, во споредба со 14,2 милијарди […]

Романскиот јавен долг ќе достигне 60 отсто од БДП, предупредува министерот за финансии


Јавниот долг на Романија оваа година се очекува да достигне 60 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), предупреди романскиот министер за финансии Александру Назаре во синоќешното интервју за телевизијата „Антена 3 СиЕнЕн“. Според него, во последните пет години јавниот долг на земјата пораснал од 570 милијарди леи на над 1,1 трилион леи, што претставува зголемување од […]

Агенција за кредитен рејтинг: Германскиот јавен долг ќе достигне 74% од БДП до 2030 година


Се очекува германскиот јавен долг да се зголеми на дури 74% од БДП до крајот на деценијата, а зголемените трошоци за одбрана само умерено ќе ја поттикнат економската активност, според пресметките на европската агенција за кредитен рејтинг „Скоуп“. Во 2024 година, германскиот јавен долг изнесуваше 62,5% од БДП. До крајот на деценијата, тој би можел […]

Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување


Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментирам на пораките од СДСМ, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Велес, Мицкоски напомена дека тоа што го […]

Колку ќе чини изградбата на автопатиштата на „Бехтел и Енка“ – 1,3 или 2,6 милијарди евра?


  Колку вкупно ќе чини изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, кои што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“? Дали ќе биде 1,3 милијарди евра, колку што е наведено во договорот кој го склучи тогашната влада на СДСМ и ДУИ пред нешто повеќе од две години, или пак многу повеќе, дури два […]

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка


Јавниот долг по подолг период е намален не само процентуално, туку и во апсолутна бројка, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. -Вие може да слушате многу често дека одредени работи се штедат, се внимава, па како министерката за финансии во дадени ситуации е малку построга. Ние немаме друг избор освен да работиме домаќински. Премногу се […]

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од БДП


Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 процентни поени во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7 отсто од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ. „Ваквите […]

Треба ли да бидеме спокојни: Колку новите 500 милиони евра ќе го зголемат јавниот долг


  „Бидете спокојни, ќе дознаете“. Вака премиерот Христијан Мицкоски во саботата најави ново задолжување од 500 милиони евра што ќе го земе Владата, а ќе биде наменето за реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. „Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта“, рече Мицкоски за време на посетата на општина Студеничани. […]

Јавниот долг на Албанија на најниско ниво од 2008 година


Јавниот долг на Албанија на крајот на 2024 година се намалил на ниво од 54,73 отсто од Бруто домашниот производ, наспроти 55,8 отсто, колку што се предвидуваше. Намалувањето на јавниот долг на ниво од 54,73 од БДП е и најниско ниво од 2008 година, кога долгот изнесуваше 54,8 отсто. Официјалните податоци од статистичкиот билтен на […]

Србија должи 39 милијарди евра


Јавниот долг на Србија на крајот на минатата година изнесува 38,87 милијарди евра, што е 47,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти српското министерство за финансии. Српскиот буџет во 2024 година забележа дефицит од 212 милијарди динари, што претставува 2,2 отсто од бруто домашниот производ. Овој резултат е подобар од планот предвиден со ребалансот […]