Во јули собрани 15.735 тони комунален отпад – замислете колкава ќе беше тонажата, ако ги собраа и остатоците од невремето!


Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето […]

Словенија создава повеќе отпад од нас, сепак македонското „малку ѓубре“ е голем проблем


Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле […]

Ќе исчистат ли повторно барем за Мицкоски?


Одамна поминаа 72-та часа најавени од новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за чистење на Скопје – главниот град затрупан во ѓубре денови пред локалните избори.  Со силна механизација и со сите луѓе кои беа на располагање, поддржани од сите општини во Скопје и некои од републикава, тргнаа во акција за чистење на главниот град, […]

Ѓубрето од Албанија доплови на хрватскиот брег – Владата разговара со албанската страна


Директорката на комуналната компанија „Чистоќа“ Дубровник, Михаела Микуландра, во четврток за Хина изјави дека вкупно 30 кубни метри пластика и дрво, што морето ги донесе до бреговите на Јадранското Море крај Дубровник од југот на Албанија, се собрани од вчера во старото градско пристаниште и во соседниот Пошат, а чистењето продолжува. „Околу 20 кубни метри […]

Што исфрли морето кај Дубровник?


Хрватскиот портал 24сата објави фотографии од крајбрежјето на Дубровник пишувајќи дека морето донело тони ѓубре. Веднаш нагрнаа коментарите на социјалните мрежи. Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува со години. Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се […]

ЗХГ: Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е да си вработат партиски кадри како инспектори што ќе казнуваат за фрлање ѓубре


Ѓубрето нема да се намали ако се намали времето во кое смее да се фрла. Очигледно е дека за новата градска администрација контејнерите повеќе загадуваат отколку индустријата и дека приоритетот е да се удри по џебот на граѓаните, наместо да се удри по мултимилионските титански загадувачи, реагираат од Зелен хуман град, на одлуката ѓубрето од […]

Нема веќе фрлање ѓубре навечер: Ќе се казнува!


Град Скопје воведува ново правило – од 22 часот навечер до 6 часот наутро строго се забранува фрлање ѓубре. Одлуката, изгласана од советот на Градот на предлог на градоначалникот, има за цел да го подобри собирањето на отпадот и да спречи создавање диви депонии околу контејнерите. Секој што ќе ја прекрши забраната ќе се соочи […]

(Видео) „Ѓубре офанзива“ во Скопје


Вечерва, од паркингот кај хотелот „Александар Палас“ новиот градски татко на Скопје, Орце Ѓорѓиевски со поддршка на сите скопски градоначалници и премиерот Христијан Мицкоски, со бројни хигиеничари од „Комунална хигиена“, како и тешка механизација тргна во„ѓубре офанзива“, да го исчисти и да го ослободи Скопје од наталожениот смет. Во рамките на акцијата ќе се работи […]

Досега, никој не се разболел заради несобраното ѓубре во Скопје


Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје. -Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да […]

Интересна разврска со ѓубрето, најавува Мицкоски


Ѓубрето нема да биде вест, откако Орце Ѓорѓиевски ќе седне во градоначалничката фотелја во Скопје, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој најави интересна разврска со овој неколкунеделен проблем кој го имаат жителите на главниот град со преполните контејнери.  Ќе има интересна разврска за ѓубрето во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали […]

Арсовска: Ако не ви е јасно какo кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе ви појаснам уште еднаш


По бројните шпекулации истакнати од кадри на ВМРО ДПМНЕ во обид да се амнестираат за состојбата за работата на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави појаснување за надлежностите и одговорностите поврзани со управувањето на претпријатието, велат од град Скопје во своето соопштение кое го пренесуваме во […]

Мицкоски несреќо, на кого се закануваш? – праша Арсовска по наредбата на Владата полиција да влезе во Град Скопје


Откако Владата попладнево донесе одлука да го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, му кажа на премиерот […]

Недоизбраните градоначалници до лакти се закопаа в ѓубре


Градоначалниците во Скопје кои не освоија нов мандат, па ќе треба на мегдан да излезат за две недели, во вториот круг од локалните избори, мака мачат со ѓубрето низ Скопје. Со денови, ако не и недели, ЈП „Комунална хигиена“ не ги празни контејнерите, а околу нив има собрано планини отпад. Оваа слика нема скопјанец што […]

Полни контејнери ги дочекаа гласачите


Денешниот изборен ден во општина Аеродром поминува со негодувања на жителите на една од најголемите општини во Македонија за несобрано ѓубре и смрдеа која се шири цел викенд. Изборниот ден кој треба по сите дефиниции да биде свечен се претвори во мизерно искуство на аеродромци, посебно затоа што најголем дел од контејнерите се поставени во […]

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарски прашања поврзаниза хаосот со ѓубрето, запуштените улици и урбаната запоставеност на градот, Филипче директно ја посочи одговорноста кон ВМРО ДПМНЕ. „Еве, 90% од општините во Скопје, вклучувајќи и градот Скопје, се раководени од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години. Па гледајте во каков […]

Италија воведе високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите


Италијанската Влада воведе нови мерки против несовесните возачи – со нова регулатива и казни наменети за секој кој фрла ѓубре надвор од одредените области. Лицата кои ќе ги прекршат одредбите од новата регулатива се соочуваат со високи казни, но и со затворска казна. Во таа смисла, казната за фрлање отпушок од цигара или марамче низ […]

(Галерија) Ѓубрето царува покрај Вардар под Калето


Ѓубрето во Скопје веќе одамна го има окупирано градот. Не се ни крие повеќе по затскриени агли, темни улички, обрастени патеки. Напротив, распослано е на отворени места, каде фреквенцијата на луѓе е голема и секој може да го види, а и да придонесе со својот џебен отпад. Плоштадот, улицата „Македонија“, плоштадот „Филип Втори“, кејот на […]

Герасимовски: Мора да ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена, не затрупаа во смет!


Општина Центар и ова утро беше преплавено во смет откако ЈП „Комунална хигиена“ повторно беше на продолжен одмор. Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за телевизија Телма информираше дека се подготвуваат одредени законски измени што ќе бидат доставени до министерства со цел преземање на ингеренциите од градот Скопје. „Сето ова што се случува со нехигиената е […]

Ако правилно се управува, отпадот може да биде ресурс – целта е „Македонија без ѓубришта“


 Потенцијалите на циркуларната економија, управувањето со отпадот како ресурс, декарбонизацијата и примената на зелената енергија и дигиталните алатки, се од суштинско значење за креирање одржлива иднина, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на 6. Меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“. Владата, напомена Меџити, […]

Инспекторите на Карпош ќе пишуваат казни на „Комунална хигиена“ – контејнерите прелеваат


Општина Карпош е соочена со континуирани поплаки од граѓаните кои живеат во колективни станбени згради и граѓани кои живеат во индивидуални куќи. Најавија казни од нивните инспектори кон „Комунална хигиена“ чија задача е да се празнат контејнерите. –  Граѓаните на Карпош кои што живеат во индивидуални станбени објекти никогаш не се жалеле на подигнувањето на […]